Со измени на Законот за железнички систем: Укината либерализацијата во железничкиот сообраќај

September 3, 2024
1 min read

Собранието вечерва изгласа измени на Законот за железнички систем, со кои се укинува обврската на државава за либерализација на железничкиот сообраќај.

Министерот за транспорт Александар Николоски образложи дека измените се поради тешката финансиска состојба на МЖ Транспорт и оти во координација со Европската комисија во рамки на Планот за раст е договорено да се тргне обврската за либерализацијата.

– Со овие измени практично го спасуваме АД МЖ Транспорт, каде работат голем број лица, кои имат свои семејства и треба да ги прехрануваат. Во изминатите два месеца активно работиме на тоа да земаат плати. Во координација со ЕК во рамки на Планот за раст се договоривме да се тргне обврската на Македонија за либерализацијата на железничкиот сообраќај,  затоа што кога би се реализирала ова претпријатие  кое и онака е во тешка финансиска ситуациа целосно ќе колабира, рече Николоски.

Долгот на ова АД во државна сопственост, соопшти, моментно е над 90 милиони евра и правиме напори да го вратиме во фирма. Неколку локомотиви веќе се вратени во операција за карго  превоз кој е најдоходовен, во следниот период ќе се изнајмат уште четири до пет  локомотиви, за што ќе се разговара за соработка со Србија, рече министерот Николоски.

Благоја Бочварски, пратеник од СДСМ и поранешен министер за транспорт, оцени дека законската измена е непотребен чекор.

– Одлуката за либерализацијата на пазарот беше донесена по 32 години. Тоа ќе значеше отворање на пазарот за влез на повеќе оператори на пругите.  Со тоа ќе се спуштеа цените пред се на македонските компании. Мора да мислиме на македонската економија и да отвориме  врати за порз и поевтин транспорт, рече Бочварски.

Со измените се брише член 65-а од Законот во кој се пропишани одредби за правно или физичко лице кое врши превоз за сопствени потреби да има право на пристап до железничката инфраструктура и да може да врши превоз на железничката инфраструктура.

Со членот 4 од Предлог законот, поради лошата финансиска состојба, како и драстичното намалување на превозот по стока се предлага бришење на член 67-а од Законот во кој се пропишани одредби за висината на надоместокот за користење на железничката инфраструктура.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Наскоро ќе стигнат скапите фактури за кредитот од Будимпешта

Следно

Гаши: Разумот надвладеа над предрасудите и пропагандата

Latest from Blog

Сопственикот на барот што изгоре во Швајцарија излегува од затвор – судот му одреди кауција од 200.000 франци!

Судот одреди кауција од 200.000 швајцарски франци и мерка секојдневно јавување во полициска станица за сопственикот на барот „Le Constellation“, кој заедно со сопругата е под истрага за убиство од небрежност по

Панова: ДУИ денес со гласот против „Безбеден град“ покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа се во опозиција, а таму треба да останат

„Не сме изненадени од никаква постапка на ДУИ иако беше подадена рака од наша страна и сметавме дека опозицијата треба да научи што е интерес на граѓаните и да ги носат одлуките

Ештон Качер открива кој според него наметнува нереални стандарди за убавина

47-годишникот моментално глуми во научно-фантастичната серија „The Beauty“, во која се прикажува дрога што може да ја претвори личноста во најатрактивната, идеализирана верзија од себе, пишува Би-Би-Си. „Индустријата е одраз на општеството“

Зимска грижа за здрави растенија

Зимата значи дека собните растенија се наоѓаат во променети услови за раст. За време на студените месеци нивниот метаболизам се забавува, растенијата преминуваат во состојба на мирување, а растот е значително побавен
Go toTop