Со чартери до Македонија, Србија и Косово се депортирани 36 лица од Германија, меѓу нив и осудени криминалци

September 18, 2024
1 min read

Првиот чартер како дел од најновата офанзива за депортација на германската влада полета пред две недели за Авганистан.

Уште еден вчера од Хамбург до Белград и Скопје. Како што пишува весникот Bild, во него имало 36 лица, главно државјани на Србија и Косово, на кои им било ускратено правото на азил или поради некоја друга причина не го бараат правото да останат во Германија. Меѓу нив има и осудени криминалци.

Чартер-летот на полската компанија Ентер Ер го изнајми најсеверната германска сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн, па се претпоставува дека депортираните биле регистрирани во таа покраина.

Србија не е Авганистан

Но, за разлика од чартерот за Кабул на крајот на август, овој лет не е никаква сензација, пишува Deutsche Welle. Додека депортациите во Авганистан се контроверзни бидејќи германската влада нема дипломатски врски со талибанската влада во Кабул и организациите за човекови права укажуваат на лошата ситуација во Авганистан, чартерот во Белград и Скопје се чини дека е прашање на рутина.

Во случајот со Западен Балкан, организациите за човекови права предупредуваат и на лошата состојба со човековите права, особено кога станува збор за Ромите, но само во првиот квартал од оваа година германските власти веќе депортирале 795 лица во Србија и Косово.

Правило на Западен Балкан

Уште во 2014 година, поради огромниот број одбиени баратели на азил, земјите од Западен Балкан беа прогласени за т.н. безбедни земји. Тоа значи дека луѓето од овие земји, меѓу кои се Србија и Косово, може да бидат депортирани по скратен процес на верификација.

За да ја насочи миграцијата, германската влада воведе т.н правилото за земјите од Западен Балкан што овозможува полесно вработување на граѓаните на овие земји. Правилото кое бара само договор за вработување од германски работодавач, се покажа успешно и беше продолжено на неодредено време од страна на германската влада во јуни оваа година.

Притисок врз владата

По изборните успеси на екстремно левичарските и десничарските партии кои се залагаат за ограничување на нерегуларната миграција, се зголеми притисокот врз федералната влада да го исполни ветувањето за интензивирање на депортацијата на луѓето кои немаат право да останат во Германија. За притисокот придонесе и тоа што напаѓачот што ги нападна посетителите на градскиот фестивал во Солиниген во август, убивајќи три и тешко рани десетина лица, е Сириец кого властите не успеаја да го депортираат во Бугарија.

Одвреме-навреме во германските медиуми се појавуваат приказни за луѓе кои по долги години и повеќекратни депортации во земјата на потекло, се враќаат во Германија за да се обидат да добијат статус на престој.

Последниот медиумски случај е протерувањето на Ром од Србија, кој беше протеран од властите во Вајблинген, јужна Германија, и покрај тоа што неговите пет малолетни ќерки живеат во Германија, од кои четири се германски државјани.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови

Следно

Митева: Дали МЕПСО постапувал согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, како донација на студио за танц има импакт врз јавноста?

Latest from Blog

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 
Go toTop