Сноуден: Државната шпионажа го презема интернетот

April 16, 2024
1 min read

Закопано во секцијата 720 од еден стандарден закон за ре-авторизација, Претставничкиот дом го изгласа најголемото проширување на американското домашно шпионирање уште од озлогласениот Патриотски закон.

Сенаторот Рон Вајден новоосвоената моќ ја нарече „застрашувачка“.

Законот претставува едно од најдраматичните и застрашувачки проширувања на владините овластувања за надгледување во историјата. Ќе сторам сè за да го спречам донесувањето на овој закон“, рече тој.

Не успеа.

Елизабет Гoитеин, директорка во Центарот за слободи и национална безбедност во Бренан центарот за правда, објаснува што всушност се случи:

Владата може да ги принуди „давателите на електронски комуникациски услуги“ кои имаат директен пристап до комуникациите да ѝ помагаат на Агенцијата за национална безбедност (НСА). Во пракса, тоа значи дека компаниите Гугл и  Верајзон ќе мора да ги достават комуникациите на таргетираните за надзор. 

Формално, тоа мора да бидат странци од странство, но комуникацијата може и ќе вклучува и комуникација со Американци.

Преку навидум безопасна промена на дефиницијата за „давател на електронски надзор на комуникациите“, усвоениот амандман значително ја проширува листата на субјекти кои можат да бидат принудени да ѝ помагаат на НСА.

Секоја компанија или поединец што обезбедува КОЈА било услуга можaт да бидат принудени да помагаат во мониторирањето на НСА, ако имаат пристап до опрема на која се пренесуваат или складираат комуникациите.

Тоа опфаќа огромен опсег на бизниси кои обезбедуваат Wi-Fi на своите клиенти и затоа имаат пристап до опремата преку која транзитираат комуникациите. Хотели, кафулиња, берберници, перални, фитнес центри, продавници за хардвер, стоматолошки ординации… Списокот продолжува со комерцијални сопственици кои издаваат канцелариски простор за милиони луѓе – канцеларии на новинари, адвокати, непрофитни организации, финансиски советници, даватели на здравствени услуги… Во последен момент извадени беа само хотелите, кафулињата и библиотеките.

Амандманот се протега дури и на даватели на услуги кои ни влегуваат дома. Чистачи, водоводџии, електричари, ИТ монтери имаат пристап до лаптопи и рутери во нашите домови и би можеле да бидат принудени да служат како сурогат шпиони.

Ниту еден од овие луѓе или бизниси нема да смее да каже никому за помошта што биле принудени да ја пружат. Би се соочиле со високи казни доколку прозборат за тоа.

На здравје.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британскиот премиер се соочува со партиски бунт поради плановите за забрана на цигари кај младите

Следно

ДА ГИ НАУЧИМЕ МЛАДИТЕ ДА ЧИТААТ НАМЕСТО ДА БИДАТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ВЕЛАТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА САЕМОТ ЗА КНИГА КОЈ СЕ ОТВАРА В ЧЕТВРТОК НА 18 АПРИЛ

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop