Следната средба меѓу Вучиќ и Курти ќе се одржи во Македонија

March 2, 2023
1 min read

Следната средба на лидерите на Србија и Косово во рамки на дијалогот ќе се одржи во Охрид на 18 март, потврди за Радио Слободна Европа официјален претставник на Европската Унија.

Ова ќе биде средба на која лидерите ќе разговараат за планот за имплементација кој е составен дел на европскиот предлог, кој сега се нарекува Спогодба за патот кон нормализација на Србија и Косово.

Посакуваното сценарио за европската страна е ова да биде средба на која лидерите ќе договорат анекс на планот кој вклучува јасен календар за тоа кога треба да се исполнат сите елементи од европскиот договор, пишува РСЕ.

Дискусијата за овој предлог се смета за затворена за европската страна, откако српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на средбата на 27 февруари во Брисел го договорија текстот на предлогот.

Во Брисел сметаат дека без анексот за имплементација, кој се смета за составен дел на договорот, европскиот предлог би претставувал само „политичка декларација, без никаква правна или политичка обврска за страните“.

Европската страна планира, во случај на договор, и во однос на имплементацијата, да се потпишат и двата „неразделни“ дела кои го сочинуваат истиот документ.

Европските претставници очекуваат тензични разговори, особено во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово, што се смета за клучен елемент на дискусијата.

Претставниците на ЕУ нагласуваат дека не сакаат да му наметнат на Косово модел кој досега не бил тестиран. Во оваа насока, тие тврдат дека веќе постојат околу 16 европски модели кои би послужиле како пример за Заедницата во Косово и велат дека сите овие модели функционираат во одредени европски земји, пишува РСЕ. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Треба да си храбар човек во Британија да зуцнеш за исламот

Следно

ТЕЛАТА ТЕШКО СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ: Бројот на жртви од несреќата во Грција стигна до 57

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop