Сиљановска Давкова: Руралните жени се хероини на кои треба да им се восхитуваме и да ги поддржуваме

October 15, 2024
2 mins read

За мене жените од руралните средини се апсолутните лидерки, за мене жените од руралните средини се хероините на кои треба да им се восхитуваме, но тоа не е доволно затоа што од комплименти не се живее, туку треба да ги поддржуваме и помагаме индивидуално и институционално, на секаков можен начин, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова во Битола.

На Меѓународниот ден на руралните жени кој Националната федерација на фармери го одбележа во Битола, претседателката Силјановска Давкова нагласи дека глобалната криза во светот најголем импакт предизвика врз руралните жени.

-Не смееме да ги занемаруваме трудот, вештините, секојдневниот ангажман што придонесува не само за благосостојба на семејството во битката за преживување, туку и на заедницата и на општеството. Со право велат дека животот на жените лидерки од руралните средини е 24 часовен ангажман врзаност и битка со земјата но и љубов со земјата, со производството на храна и секојдневна битка со природата, но исто така и еден прекрасен соживот со природата. За мене жените од руралните средини се апсолутните лидерки, за мене жените од руралните средини се хероините на кои треба да им се восхитуваме, но тоа не е доволно затоа што од комплименти не се живее, туку треба да ги поддржуваме и помагаме индивидуално и институционално, на секаков можен начин. Поддршката на руралните жени е поддршка на македонското село, а тоа значи и запирање на процесот на исселување но и поддршка на македонската иднина, посочи Силјановска Давкова и додаде дека годинешното одбележување на Меѓународниот ден е на тема „Руралната жена соочена со глобалната криза, а таа глобална криза најголем импакт предизвика врз руралната жена. Земјоделски политики мора да ги земат предвид најранливите категории, мора да се грижиме за оние кои се активни и работаат под најтешки услови. Тоа се жени кои како да се најтивки и најскромни, а работаат лавовски, нагласи Силјановска Давкова.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски приоритет на МЗШВ е да овозможи услови кои се потребни за нормално функионирање на руралната жена бидејќи таа е херојот на денешното време.

-Во моментов во регистерот на МЗШВ имаме активни 29.971 рурална жена, а од нив 3.918 се на возраст до 40 години. Во програмите на МЗШВ жената има предност при аплицирањето, добиваат дополнителни бодови за различни мерки на министерството. Во иднина се планираат повеќе бодови за сите жени што ќе бидат баратели на финансиска поддршка од програмата за помош на млади земјоделци и почнување земјоделска дејност, како и за инвестиции и преработки на земјоделски производи. Ефектите што досега ги спроведе МЗШВ се видливи, имаме успешни приказни за развиени мали и семејни бизниси кои се актуелни и будат интерес и сите се потпишани со раката на македонската рурална жена. Но, можеме да направиме уште повеќе за што се нудиме како партнер и во програмите за 2025 година, истакна министерот Трипуновски.

Поддршка за македонската рурална жена доаѓа и од македонското Собрание, а на деншниот Меѓународен ден недвосмислена поддршка беше дадена од потпретседателката Весна Бендевска и од Жаклина Пешевска, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

-Во минатиот период во Македонија се изготвиле и донеле разни национални планови, активности и стратегии но прашање е колку се успеало. Нашите села се празнат, нашето село умира и додека не сфатиме дека Македонија може да живее и сама да произведува храна и да има чиста вода за пиење, и додека не сфатиме дека сами можеме да произведуваме енергија за сопствени потреби, ние ќе тапкаме во место. Не смееме да го загубиме селото. А, како поранешна членка на Комисијата за спречување на дискриминација со гордост ќе потсетам дека укажавме со стручно мислење дека е системска дискриминација, руралната жена под исти услови да не ги користи правата што произлегуваат од Конвенцијата за мајчинство. Човековите права се и права за руралните жени, а руралната жена е доказ дека е најхрабриот, најотпорниот, најцврстиот дел од нашето општество. И затоа треба да направиме многу за руралната жена, нагласи потпретседателката на македонското Собрание, Весна Бендевска.

На трибината во Битола, Жаклина Пешевска, претседателка на собраниската комисија за еднакви можности на мажите и жените најави дека континуирано ќе се подобруваат условите за работа на руралните жени со системски решенија, а како прв фокус ќе биде донесувањето на законот за породилно отсуство на жени земјоделки.

Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска на успешни македонски рурални жени им додели серификати и признанија за нивната успешност и придонес во зајакнувањето на жените во руралните средини. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директорот на Царинска управа: Пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил

Следно

Бербок до Муцунски: Северна Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во уставот за да ги почне преговорите со ЕУ

Latest from Blog

Опуштена средба без формалности: Проданоски „на кафе со младите“ во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со млади од градот, која се одржа во пријатна и опуштена атмосфера, без формални говори и протокол, со цел поттикнување искрен дијалог и размена

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за
Go toTop