ШК Алкалоид Европски Вицешампион!

October 27, 2024
1 min read

Во последното седмо коло на Европскиот Клупски Куп, шахистите на Алкалоид го одиграа својот најдобар меч, и убедливо тријумфираа над францускиот „Шартре“ со 5:1 за нова Европска Вицешампионска титула. Арјун Еригаиси на првата табла ремизираше со легендарниот украински шахист Василиј Иванчук, кој во минатото исто така играше за „фармацевтите“. Со црни фигури беше и С. Л. Нарајан на петтата табла кој го подели поенот со Максим Лагард. На останатите четири табли
беа извојувани убедливи победи: Веи Ји го совлада Маркандрија Маурици водејќи ги белите фигури на втората табла, а неговиот сонародник Јангји Ју со црните триумфираше против Лорен Фресине. На четвртата и шестата табла Читамбарам Аравинд со бели освои цел поен против Даниел Дарда, додека Александар Инѓиќ го заокружи настапот со уште една победа, овојпат против Кристијан Бауер.

Триумфот во последното седмо коло им донесе два бода на играчите на Алкалоид, со што тие стигнаа до вкупно 12 бода. Турнирот го завршија со пет победи, два нерешени резултат и без пораз во меч.

Од поголемата група на екипи која имаше 10 бода по шесте одиграни кола, ниту една друга не успеа во финишот да оствари победа: „СуперЧес“ беше поразен во дербито со „Нови Бор“, додека двобојот на „Бајеган Пендик“ и „Туркиш Ерлајнс“ заврши со нерешен резултат, исто како и оној на „Тајфун“ против „Сентименто Ајка“.

На овој начин, „Нови Бор“ стигна до третата европска титула со 13 бода, еден повеќе од „Алкалоид“.

За ШК Алкалоид ова е трет пат како е остварен пласман меѓу првите две екипи на Стариот континент, при што во 2016 година Алкалоид беше Европски Шампион, а во 2017 година беше освоено второто место.
Успехот на екипата е резултат на одличната игра на сите шахисти, од кои најголем дела освоија и медали за индувидуални резултати.

Еригаиси играше извонредно на првата табла и освои златен медал, како и Ју Јангји на третата табла. Александар Инѓиќ на шестата табла освои сребрен медал, а Аравиндитх Читамбарам на четвртата табла стигна до бронзениот медал!

Со овој резултат ШК Алкалоид се вбројува меѓу најуспешните екипи на „шаховската Лига на Шампионите“ во последните десетина години, и најуспешните спортски колективи во нашата држава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 1500 денари по глава на жител за правосудството, само 33 денари се за дигитализација

Следно

На прагот на откуп на тутунот: Побарувачката поголема од понудената производствена реколта

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop