Шести протест против насилството во Белград: Луѓе пристигнуваат пред Собранието на Србија

June 9, 2023
1 min read

Се бара разрешување на министерот за внатрешни работи, на директорот на безбедносно-информативната агенција и на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми

Пред зградата на српското Собрание, белграѓани се собираат на шестиот по ред „Протест против насилството“.

Протестите се одржуваат по двете масовни убиства што ја потресоа Србија на почетокот на минатиот месец, а насобраните бараат одговорност од владата за начинот на кој реагирала на трагедиите, како и за атмосферата на насилство во општеството.

Се бара разрешување на министерот за внатрешни работи, директорот на безбедносно-информативната агенција и членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми.

Тие исто така бараат укинување на националните фреквенции за телевизиите чии програми промовираат насилство и затворање на таблоидите кои ги прекршуваат етичките кодекси и шират лажни вести.

Како што е најавено, демонстрантите како и досега ќе се соберат пред Собранието на Србија, потоа ќе пешачат речиси три километри и ќе ја обиколат владата, околу која ќе направат обрач и ќе остават пораки до претставниците на државата.

Првиот протест „Србија против насилството“ се одржа на 8 мај, а на 12 мај граѓаните два часа го блокираа мостот Газела на вториот протест. Третиот протест се одржа на 19 мај кога беа блокирани Газела и Бранков мост. Четвртиот се одржа на 27 мај, а по прошетката учесниците направија круг околу зградата на РТС. За време на петтиот протест минатата сабота, учесниците по прошетката формираа обрач околу зградата на Претседателството.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин: Украина започна контраофанзива, но e неуспешна

Следно

Рациновото признание за 2023 за Блаже Миневски

Latest from Blog

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,
Go toTop