Шефот на „Вагнер“ тврди дека 10 000 затворениците што тој ги регрутирал загинале во Украина 

May 24, 2023
1 min read

Минатата година Пригожин ги обиколи руските затвори во обид да ги убеди затворениците да се борат за „Вагнер“ во Украина, во замена ветувајќи амнестија по нивното враќање доколку преживеат

Водачот на руската платеничка милитантна група „Вагнер“ Евгениј Пригожин изјави дека на бојното поле биле убиени околу 10 000 затвореници што тој ги регрутирал да се борат во Украина. 

Водачот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин/Фото: Архива

„Зедов 50 000 затвореници, од кои околу 20 отсто беа убиени“,

изјави Пригожин во видео-интервју објавено вчера доцна вечерта, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.  

Минатата година Пригожин ги обиколи руските затвори во обид да ги убеди затворениците да се борат за „Вагнер“ во Украина, во замена ветувајќи амнестија по нивното враќање доколку преживеат. 

Се верува дека осудениците биле користени како топовско месо во Украина, што претставува најголемиот дел од загубите на „Вагнер“.  

Шефот на платеничката група вели дека сличен е процентот на убиени и меѓу оние кои потпишале договор со платеничката група, но не наведе прецизна бројка.  

И платеничката единица и редовните руски трупи изминатиот викенд објавија дека по неколкумесечните борби градот Бахмут паднал во руски раце, но Киев веднаш ги негираше ваквите тврдења, наведувајќи дека украинските сили продолжуваат да се борат во овој град на истокот на земјата. 

Инаку, Пригожин остро го критикуваше руското воено раководство, обвинувајќи го дека е едговорно за огромните загуби. Тој ги обвини рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов дека се неспособни и одговорни за бројот на жртвите. 

 „Сега има десетици илјади убиени. Веројатно ќе има стотици илјади. Не можеме да се сокриеме од ова“,

рече Пригожин.

Тој ја повика руската воена елита да ги испрати своите деца на фронтот. 

Пригожин, кој е бизнисмен близок до рускиот претседател Владимир Путин, ја критикуваше руската елита, велејќи дека нивните деца живеат удобно додека мажите од сиромашните региони умираат во Украина. 

Пригожин рече дека неговите борци ќе се повлечат од уништениот град до 1 јуни и ќе ја предадат контролата на руската армија. 

На почетокот на мај, Белата куќа објави дека повеќе од 20 000 руски војници биле убиени, а уште 80 000 биле ранети во петмесечните борби во источна Украина, особено во Бахмут. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје танцов театар со „Табу република“ на Бобан Русески гостува во Гевгелија

Следно

Шефот на „Вагнер“ тврди дека 10 000 затвореници што тој ги регрутирал загинале во Украина 

Latest from Blog

Стабилна трговска сесија на Македонската берза со промет од над 10 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 04.06.2026 заврши со речиси непроменето ниво на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.724,54 поени.

Проданоски: Ќе продолжиме да ги поддржуваме проектите што ги афирмираат младите

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на завршниот настан од проектот „Педали и приказни“, со кој беше заокружен шестмесечен циклус на активности насочени кон промоција на велосипедската култура, младинскиот активизам и заштитата

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден и нема проблем со сервисирање на обврските

4 јуни 2026, Скопје – До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за

Коњановски: Со новата опрема пожарникарите добиваат посилна поддршка на терен

Територијалната противпожарна единица на Битола денеска беше модернизирана со теренско противпожарно возило со специјална надградба, цистерна за вода и теренско возило. Оваа опрема ќе овозможи побрза реакција, подобра мобилност на непристапни терени

Баер Леверкузен има нов тренер

Досегашниот тренер на францускиот прволигаш Тулуз, Карлес Мартинес Новел и официјално е назначен за нов кормилар на екипата на Баер Леверкузен. Тој официјално ќе го преземе тимот на 1 јули, а потпиша
Go toTop