Шефицата на УНИЦЕФ повика да се стави крај на бесмисленото убивање деца во Рафа

1 min read

ХАМИЛТОН (АА) – Извршната директорка на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Кетрин Расел, денес повика да се стави крај на бесмисленото убивање деца по израелското бомбардирање на шаторите во кои беа сместени раселените Палестинци во Рафа, на југот од Појасот Газа, пренесува Анадолу.

„Сликите на изгорени деца и семејства од бомбардираните шатори во Рафа нѐ шокираат сите. Убивањето деца кои се засолнуваат во импровизирани шатори е несовесно“, напиша Расел на социјалната мрежа Х.

Предупредувајќи на сериозноста на ситуацијата, првиот човек на УНИЦЕФ рече дека светот е сведок на трагедијата во Појасот Газа повеќе од седум месеци.

Расел повика на итен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и крај на бесмисленото убивање на децата.

Најмалку 40 лица се убиени, а десетици беа повредени синоќа во израелскиот напад на камп во безбедната зона во Рафа, во кој се сместени раселените лица.

Нападот се случил во близина на логистичката база на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Тал ал-Султан.

Израелските авиони гаѓале неколку шатори во тоа подрачје, соопшти Канцеларијата за медиуми, додавајќи дека во нападот се користени ракети и бомби.

Претходно Цивилната заштита на Газа соопшти дека по бомбардирањето транспортирале 50 луѓе, вклучувајќи убиени и ранети. Споменатото подрачје им дава засолниште на најмалку 100.000 раселени лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Столтенберг навива Украина да почне да гаѓа во Русија

Следно

Куманово: Водата сè уште не е за пиење, се чекаат резултатите

Latest from Blog