Шарени балони лебдат над рушевините во Турција – од причината ќе роните солзи (ВИДЕО)

1 min read

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија надмина 46.000, а од Турција денеска дојде веста дека спасувачите ќе ја продолжат потрагата само во две провинции, додека во сите други е прекината.

Имено, секојдневно сме сведоци на шокантни сцени од овие области кои беа целосно уништени од земјотресите, а она што го заинтригира целиот свет беа балоните кои се поставени на урнатините во Хатај.

Многу луѓе се прашуваа зошто на урнатините има црвени, сини и розови балони.

Како што јавува Би-Би-Си, овие балони биле обесени во спомен на децата загинати во разорните земјотреси, а биле поставени од волонтери од Турција.

Имено, волонтери предводени од фотографот Огун Норт Окура, кои се членови на детската асоцијација Огун Аби, се искачиле на урнатините во Хатај и прикачиле балони на металните жици кои штрчат од купот отпад.

Тие првично ги идентификуваат локациите каде загинале децата, а потоа оставаат балони на влезовите во урнатините.

„Секој балон што го гледате овде претставува дете кое починало“, изјави за турските медиуми основачот на ова здружение, фотографот Огун Север Окур.

Како што наведува Окур, тие сакаат да испорачаат балони низ целиот Хатај.

„Се трудиме да го зачуваме споменот на децата кои ги загубија животите. Посакувам да ги ставевме овие балони во рацете на децата. За жал, ги загубивме нашите деца. Ова беше градинка и во зградата живееја многу деца. Каде и да допревме, каде што живееја деца, размислуваме да ги закачиме овие балони“, изјави тој за турските медиуми, според Хуриет.

Во еден момент, Окур истакнал дека членовите на здружението учествувале во спасувачките мисии во Адана и Хатај во првата недела по разорниот земјотрес.

„Кога ми предадоа тело на дете, дел од мене се скрши“, изјави Окур.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Муцунски: Ваков ден за спортот во Аеродром секој би посакал, МЗТ Скопје вчера испиша историја

Следно

ЛАЖЕН ХИРУРГ СО ДЕНОВИ ЛЕКУВАЛ И ИМ НАПЛАЌАЛ НА НАСТРАДАНИТЕ – многумина ги продавале и телефоните и му давале пари, сега му следува ПЕКОЛ! (ФОТО)

Latest from Blog

„КЕЈТ Е ВО КОМА, ЛУЃЕ ВКЛУЧЕТЕ ГО МОЗОКОТ“: Нова теорија на заговор поради потегот на кралот Чарлс трети, драмата околу здравјето на Кејт не стивнува во светот!

Драмата околу здравствената состојба на принцезата Кејт Мидлтон продолжува, а последниот потег на кралското семејство наведе