Шаховската федерација со голем настан ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација

June 11, 2024
1 min read

Шаховската федерација на Македонија ги повикува сите талентирани шахисти, почетници и големи ентузијасти да учествуваат во најголемиот шаховски спектакл во земјава.

Во сабота, на 15 јуни во Градскиот парк во Скопје, на Школка, се одбележува стогодишниот јубилеј од постоењето на Светската шаховска организација (ФИДЕ).

Со симболично поставување на 100 шаховски табли и Македонија се приклучува во одбележувањето на овој вековен јубилеј.

Секој посетител кој ќе дојде во Градски Парк на 15 јуни ќе има можност да изигра партија шах и биде дел од настанот кој ветува одлични партии шах, многу музика, подароци и забава.

Дел од оваа шаховска сензација ќе бидат реномирани имиња од светот на шахот, со кои и децата и возрасните ќе можат да се сретнат на црно-белата табла.

Британскиот шаховски велемајстор и директор за развој на шахот на ФИДЕ, Најџел Шорт ќе допатува во Македонија и заедно со велемајсторите Антоанета Стефанова, Петар Арнаудов ќе се дружат и запознаат со нашите домашни шахисти и љубители на шахот.

Македонската шаховска федерација го организира одбележувањето на стогодишниот ФИДЕ јубилеј со поддршка од УНИ БАНКА, под мотото „100 години шах-вистинскиот потег е со УНИ банка”.

Шаховската Федерација на Македонија е членка на ФИДЕ од 1991 година. Федерацијата има организирано голем број на европски шаховски турнири, а минатата година ФИДЕ ни ја довери честа да го организираме Светското Екипно Првенство за Сениори над 50 и над 65 години.

Македонските шаховски репрезентации учествувале на сите Шаховски Олимпијади организирани под покровителство на ФИДЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Баерн Минхен ќе го купи столбот на одбраната во Баер Леверкузен

Следно

СБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје и ослободување на заложниците во Газа

Latest from Blog

Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот за формирање влада на Израел

Ќор-сокакот дојде откако технички премиерот Бенјамин Нетанјаху и лидерот на опозицијата Гади Ајзенкот денес се обидоа да најдат излез од политичкиот ќор-сокак создаден по изборите минатиот месец, пишува Би-Би-Си. Десничарската Ликуд на

Швајцарија ги менува правилата за извоз на оружје, пензискиот ДДВ не доби поддршка, ниту оданочувањето на брачните двојки

Швајцарците на денешниот референдум со тесно мнозинство го поддржаа ублажувањето на прописите за извоз на оружје, покажуваат првичните проекции објавени по затворањето на избирачките места, пренесува швајцарската телевизија СРФ. Според проекциите на

ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар. Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
Go toTop