Сем Алтман бара САД да ја регулираат вештачката интелигенција

May 16, 2023
1 min read

За време на својот говор, покрај потенцијалните закани, Алтман изјави дека „вештачката интелигенција има потенцијал да најде лек за ракот“, пренесе Би-Би-Си

ФОТО: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Претседателот на компанијата што го разви софтверот за вештачка интелигенција Чет ГПТ ги повика американските законодавци да ја регулираат вештачката интелигенција (ВИ).

Сем Алтман, извршниот директор на компанијата која стои зад Чет ГПТ, на денешното сослушување пред американскиот Конгрес говореше за можностите – и замките – на новата технологија.

За неколку месеци на пазарот влегоа неколку модели со вештачка интелигенција, рече Алтман и додаде дека треба да се формира нова агенција за лиценцирање на компании за вештачка интелигенција.

„Како што напредува оваа технологија, сфаќаме дека луѓето се загрижени за тоа како таа би можела да го промени животот. И ние сме загрижени“,

рече Алтман.

Алтман ги призна и нејзините потенцијални опасности велејќи дека влијанието што вештачката интелигенција го има врз економијата може да замени некои работни места, што ќе доведе до отпуштања во одредени области.

„Ќе има влијание врз работните места. Се трудиме да бидеме многу јасни за тоа“,

рече тој.

Тој даде неколку предлози за тоа како нова агенција во САД би можела да ја регулира индустријата – вклучително давање и одземање дозволи за компаниите со вештачка интелигенција.

За време на својот говор, покрај потенцијалните закани, Алтман изјави дека „вештачката интелигенција има потенцијал да најде лек за ракот“, пренесе Би-Би-Си.

„Работиме на изградба на алатки кои еден ден може да ни помогнат да направиме нови откритија и да се справиме со некои од најголемите предизвици во светот како климатските промени и лекувањето на ракот“,

рече Алтман.

Милиони корисници ја користат оваа алатка, која по дадена сугестија може да компонира песна, да напише текстови од секаков вид, од писма, рецепти до маркетинг стратегии за рекламирање и училишни и студентски задачи и семинари.

Чет ГПТ има пристап до огромна база на податоци на онлајн текстови, од упатства за употреба до учебници и дигитализирани книги.

Сепак, овој софтвер за вештачка интелигенција овозможува мамење на домашните задачи, па неговата појава предизвика загриженост во училишниот систем, што способноста на поновите генерации на оваа алатка да измамат, да шират невистини и да ја нарушат заштитата на авторските права само дополнително го подгрева.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Потпишан договор Фронтекс да ги чува црногорските граници

Следно

Модриќ: Реал Мадрид се династија во Лигата на шампиони

Latest from Blog

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав

Најмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и дете

Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското
Go toTop