„Сејф сити“: За 51,5% помалку прекршоци за поминување на црвено светло, за 20,9% на забраните за возење

February 23, 2026
1 min read

Полицијата за една седмица констатира 4910 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, од кои за брзо возење се 4.691.

Во периодот од 16.02.2026 до 22.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 прекршоци.

-Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.691, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 16 прекршоци што претставува намалување на 51.5% во споредба со минатата седмица кога беа регистрирани 33 прекршоци, а во првата недела од месецот беа регистрирани дури 163 прекршоци за минување на затворен сигнал, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 203 прекршоци, информира МВР.

Исто така, изречени се вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“, чиј број бележи намалување од 20.9% во однос на минатата седмица, а во првата недела од месецот беа регистрирани дури 288 мерки „забрана за управување со возило“.

Од 117 мерки кои беа изречени изминатата седмица 16 се за „минување на црвено светло“, а 101 се за „брзо возење“, од кои 75 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 19 за брзина поголема од 10 км на час и седум за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта, велат од МВР.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЕЛOВЕН СОБИР ВО ЧЕСТ НА ПЕЦЕ СТОЈАНОВСКИ – СТЕНТОН – ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Следно

Дипломатите на ЕУ ќе се сретнат со директорот на Одборот за мир

Latest from Blog

Проданоски: Над 500 маски ја одбележаа „Прочка 2026“

Со учество на над 500 групни и поединечни маски, детско дефиле и централна карневалска поворка, во Прилеп се одржа јубилејното издание на карневалот „Прочка 2026“. Годинава беа одбележани два значајни јубилеи –

ДЕЛOВЕН СОБИР ВО ЧЕСТ НА ПЕЦЕ СТОЈАНОВСКИ – СТЕНТОН – ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

На 19 февруари 2026 година, по иницијатива на претставници од бизнис секторот и во соработка со Регионалната стопанска комора од Битола, предводена од претседателот Мирко Велковски, се одржа деловен собир во чест

Тоневски најави реконструкција на спортската сала во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип – Инвестиција во младите и спортот

Во тек е значајна инвестиција во подобрување на условите за спорт и физичко образование во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Со реконструкцијата на подот во спортската сала се
Go toTop