Се воведува плафон на трошоците за секој клуб од Премиер лигата

April 29, 2024
1 min read

Ново големо правило во Премиер лигата би можело да го смени моменталното лице на фудбалот во англиската елита. Поголемиот дел од учесниците на првенството ја поддржаа идејата за воведување плафон на трошоците за секој клуб. Идејата е дека на клубовите ќе им биде дозволено да трошат до фиксна сума, која ќе биде одредена со посебна формула.

Како што е познато, сите екипи добиваат пари од ТВ правата за пренос на нивните натпревари во првенството, но сумите се различни. Според „Мирор“, како основа ќе бидат земени приходите на клубот кој најмалку добил. Предметната сума на тој учесник на шампионатот ќе се помножи со 4,5 и резултатот ќе биде дотичната граница. Ако, на пример, клубот со најмали примања добие 100 милиони евра, тогаш плафонот за сите во Премиер лигата би бил 450 милиони евра.

Според „Мирор“ во овие 450 милиони евра ќе треба да се вклучат парите дадени за нови фудбалери, висината на платите на сите играчи, како и провизиите на агентите.

За сето ова денеска (понеделник) се разговарало на состанокот на акционерите на клубовите од Премиер лигата. Потребни беа 14 од вкупно 20 гласови и тие беа собрани, а само Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Астон Вила биле против, додека Челси се воздржале од гласање.

Сепак, ова правило допрва треба да се гласа на годишниот состанок на клубовите од Премиер лигата во јуни. Ако тогаш повторно има најмалку 14 гласови „за“, рестрикцијата за која станува збор ќе стапи на сила од почетокот на сезоната 2025/26.

Од Здружението на професионални фудбалери беа категорични дека се против таков плафон.

Шпанската Ла Лига исто така има ограничување на трошоците, но тоа е различно за секој клуб врз основа на нивната финансиска состојба.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европа не може да си дозволи да раскине со Кина

Следно

СВЕТОТ ШОКИРАН –кралската палата објави црно – бела фотографија од Кејт и Вилијам, сите се прашуваат само едно додека сите молчат! (ФОТО)

Latest from Blog

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко
Go toTop