СДСМ: Николоски фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8

November 3, 2024
1 min read

Тунелот кон Бугарија дел од пругата на Коридор 8 за Николоски беше слет тунел и најавуваше нова траса, велат од СДСМ.

„Одеднаш тунелот прогледа и ќе проектот ќе се прави онака како што беше испланиран од преходно, без измени.

Заплеткан во своите лаги Николоски се обиде да се оправда со тврдење дека на средба помеѓу директорите за железничка инфраструктура на Бугарија и Македонија биле прифатени „три клучни аргументи„ на Николоски за проектот.

И повторно, Николоски е фатен во нова лага. Се работело за технички состанок на којшто се прецизирале само технички прашања за доизградба на прекуграничниот тунел Деве Баир.

Немало ниту прифатени аргументи, ниту измени во планот за градба, ништо.

Ова е уште еден шамар за лагите на Николоски и признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните.

Од историски криминал и коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти.

Очигледно работата на Николоски се сведува на лажање на народот и фалење со проектите на СДСМ, ништо друго“, стои во соопштението на СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

БУГАРСКАТА ВОЈСКА ПО КОМАНДА НА ВИДОВИТИ ЛУЃЕ 2 ГОДИНИ КОПАЛА ТУНЕЛ ЗА КОНТАКТ СО ВОНЗЕМЈАНИ, ОД ТОА Е ИНСПИРИРАН И ФИЛМОТ „ТРИУМФ“

Следно

Состојбата на повредените е многу тешка- Мицкоски најави помош за семејството на загинатиот Васко Саздовски

Latest from Blog

Велика Британија и Франција постигнаа договор за мигрантите на принципот „еден внатре, еден надвор“

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денес претставија „револуционерен“ нов договор за миграција, чија цел е намалување на бројот на луѓе што го преминуваат Ламанш со

Македонското МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор поради изјавите на Георг Георгиев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска го повика на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков за да му врачи официјален протест како реакција на изјавите на шефот на

Зеленски: Германија е подготвена да финансира два американски системи „Патриот“ за Украина, а Норвешка еден

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Германија е подготвена да плати за два системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, а Норвешка ќе ги покрие трошоците за уште
Go toTop