Саутгејт: Звучи неверојатно, ама Англија никогаш не ја победила Македонија на свој терен

May 2, 2023
1 min read

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, веќе ги крои последните планови околу списокот на фудбалери за последниот овосезонски квалификациски циклус. Еден од противниците на „трите лава“ во групната фаза за следното Европско првенство е Македонија, за која Саутгејт зборуваше со суперлативи.

Македонија досега во историјата одигра двапати на гости кај светскиот гигант и интересно е тоа што двата пати беше непоразена. Токму тоа го потенцираше Саутгејт при својата посега на едно училиште во Лидс.

„Наша цел е да бидеше шампиони на Европа во Германија и ако сакаме такво нешто треба да продолжиме со победите. Но, нам нè не чека лесна задача, особено не против Македонија. Звучи неверојатно, ама Англија на домашен терен не ја победил Македонија во историја. А, Македонија веќе ја елиминираше Италија од баражите за Светското првенство во Катар.. Нема простор ни за потценување, ни за самозадоволство, ни за размислување дека имаме лесна задача идниот месец. Ако сакаме да сме европски прваци, тогаш мора да сме сигурни дека го имаме вистинскиот менталитет, дека постојано сме на највисоко ниво и така мора да се однесуваме и да играме“, рече Саутгејт.

Натпреварот меѓу Англија и Македонија ќе се игра на легендарниот „Олд Трафорд“. На претходните две гостување на Островот, Македонија одигра 0-0 и 2-2.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов дигитален киоск за наплата на фактури на ЈП „Водовод и канализација“ во Сити мол

Следно

60 издавачки куќи ќе се претстават на Саемот на книгата

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop