САД ставија вето на нацрт-резолуцијата со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа

December 9, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) ставија вето на нацрт-резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.

Советот за безбедност на ОН на итна седница гласаше за нацрт-резолуцијата претставена од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

САД како постојана членка стави вето на нацрт-резолуцијата, Велика Британија беше воздржана, а останатите 13 членки гласаа „за“.

Во нацрт-резолуцијата се наведува дека е потребно да се заштитат сите цивили, укажувајќи на ужасната хуманитарна ситуација во Појасот Газа и страдањето на палестинскиот народ.

Исто така, во нацрт-резолуцијата, која повикува на итен хуманитарен прекин на огнот, сите страни се повикани да ги исполнат своите обврски според меѓународното право, особено во поглед на заштита на цивилите.

Нацрт-резолуцијата бара итно и безусловно ослободување на сите заробеници и пристап на хуманитарната помош.

Постојаниот претставник на САД во ОН, Роберт Вуд, изјави дека Хамас не е осуден во нацрт-резолуцијата и дека е неприфатливо некои членки на Советот за безбедност да молчат по ова прашање.

Во Советот за безбедност на ОН по 7 октомври се одржаа многу седници, на многу нацрт-резолуции беше ставено вето, додека на 15 ноември беше усвоена резолуцијата број 2712 со која се бараше хуманитарна пауза во судирот во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити за Џафери: Руринирана куќа со реновирана фасада

Следно

Царинска управа: Спречен шверц на 516 делови за камиони и едно АТВ возило

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop