САД се противат на напорите на Палестина да стане членка на ОН

April 4, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА)

Соединетите Американски Држави (САД) денес се спротивставија на напорите на Палестина да стане полноправна членка на Обединетите нации (ОН), велејќи дека палестинската држава треба да се формира преку преговори, а не во ОН, јавува Анадолу.

„Секогаш јасно стававме до знаење дека го поддржуваме формирањето на независна палестинска држава“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер за новинарите, додавајќи дека државниот секретар Ентони Блинкен бил ангажиран во „многу интензивна дипломатија“ во текот на изминатите неколку месеци за да се воспостави палестинска држава со безбедносни гаранции за Израел.

„Тоа е нешто што треба да се направи преку директни преговори меѓу страните, кон што се стремиме во овој момент, а не преку Обединетите нации“, додаде Милер.

Владата на Палестина во вторникот испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во кое бара повторно разгледување на барањето за членство во оваа организација.

„Во врска со апликацијата на државата Палестина за членство во Обединетите нации во документот S/2011/592 од 23 септември 2011 година, имам чест да побарам повторно да се преиспита членството на Палестина во Советот за безбедност во април 2024 година“, наведе во писмото палестинскиот пратеник во ОН, Ријад Мансур.

Мансур рече дека би бил благодарен доколку Гутереш го проследи барањето до Советот за безбедност на ОН што е можно поскоро.

Палестина беше прифатена како држава набљудувач од Генералното собрание на ОН во 2012 година, дозволувајќи му на нејзиниот претставник да учествува во дискусиите и организациите на ОН, но без можност за гласање.

Според Повелбата на ОН, државите се примаат како членки во ОН со одлука на Генералното собрание по препорака на Советот за безбедност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавени ужасни детали: Данка била жива откако ја удриле со автомобил, еве како ја убиле

Следно

Изборни слогани секој за своите

Latest from Blog

Костадинов: Да се намалат платите на функционерите и да им се даде на земјоделците за пиперката

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде идеја како да им се помогне на земјоделците да можам да добијат соодветна цена за килограм пиперка – ајварка. -Како опозиција, сосем е легитимно да

Проданоски: Над 500 првачиња во Прилеп ќе добијат по 3.000 денари од Општината

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека процесот на оптимизација на образованието во општината е успешно завршен, при што, како што посочува, ниту едно подрачно училиште нема да биде затворено, а

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со свеченост ќе го одбележи Денот на рударите

По повод Денот на рударите, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), денеска во хотел „Александар Палас“ во Скопје ќе биде одржана свеченост посветена на одбележувањето на празникот

(ВИДЕО) Иранската телевизија објави видео за планот за атентат врз синот на Трамп

Американската тајна служба е запознаена со видео емитувано од иранската државна телевизија, во кое се зборува за можен план за атентат врз најмладиот син на американскиот претседател Трамп, објави денес портпаролот. „Американската
Go toTop