САД и Русија престанаа да споделуваат информации за нуклеарното оружје

March 29, 2023
1 min read

Новиот договор за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ) првично беше потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на САД и Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев. Договорот ги ограничува двете земји на не повеќе од 1 550 распоредени нуклеарни боеви глави и 700 распоредени проектили и бомбардери

Во февруари годинава рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија го суспендира своето учество во договорот и нема да ги почитува неговите одредби

Соединетите Американски Држави и Русија престанаа да споделуваат информации за нуклеарното оружје, што треба да го прават двапати годишно според новиот Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ).

Претставници на Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот соопштија дека САД ѝ ги понудиле овие информации на Русија откако претседател Владимир Путин го суспендира руското учество во овој договор минатиот месец, но Москва го информирала Вашингтон дека нема да ги сподели своите информации.

„Затоа, поради непочитувањето на своите обврски од договорот, САД нема да ги споделуваат своите податоци со Русија за да ја охрабрат да се врати на обврските од договорот“,

изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Белата куќа, која претходно ја обвини Русија за повеќекратно прекршување на договорот, рече дека одбивањето на Русија да ги почитува условите е правно неважечко и дека одлуката за задржување на податоците е уште едно прекршување на договорот.

Новиот договор за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ) првично беше потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на САД и Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев. Договорот ги ограничува двете земји на не повеќе од 1 550 распоредени нуклеарни боеви глави и 700 распоредени проектили и бомбардери.

Договорот, исто така, предвидува сеопфатни инспекции за да се утврди усогласеноста со одредбите, но тие се во мирување од 2020 година поради пандемијата на коронавирусот.

Разговорите за продолжување на инспекциите требаше да се одржат во ноември 2022 година, но Русија нагло ги откажа наведувајќи ја американската поддршка за Украина.

Во февруари годинава рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија го суспендира своето учество во договорот и нема да ги почитува неговите одредби.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изречени 152 казни за возачите во Скопје

Следно

Блинкен: Целта на Путин е да го избрише идентитетот на Украина како независна, суверена нација и да ја апсорбира во Русија

Latest from Blog

Сензационален трансфер на Левандовски за 90 милиони евра по сезона

Рорберт Левандовски е блиску до сензационален трансфер од Барселона откако доби понуда што го промени животот од Саудиската професионална лига. Искусниот напаѓач наводно е блиску до прифаќање на финансиски пакет што би

Тоневски: Пробиштип гордо ја негува културата и фолклорот

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на отворањето на 24-та Регионална ревија на песни, музика и игри „Пробиштип 2026“, организирана од Здружението на пензионери од Пробиштип. Тоневски истакна дека организацијата

Градски парк во фестивалски ритам: стартуваше јубилејниот Виноскоп

Првата вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп помина во пријатен фестивалски амбиент, со уникатни вкусови, средби и наздравувања на Школка во Градски парк. Фестивалот, кој годинава се одржува од 13 до

Трамп и Си разговарале за ситуацијата на Блискиот Исток и Украина

 Државната новинска агенција Синхуа објави дека лидерите „размениле мислења за важни меѓународни и регионални прашања“, а војната во Украина исто така била на дневен ред.  Во текот на разговорите Кина одлучила да

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот
Go toTop