САД е можно да го забранат ТикТок на национално ниво доколку кинеските сопственици не се повлечат од компанијата

March 16, 2023
2 mins read

Според Волт стрит журнал Комитетот за странски инвестиции на Соединетите држави (CFIUS), кој ги надгледува ризиците за националната безбедност, едногласно препорачал излегување на БајтДенс од сопственичката структура на ТикТок. Портпаролот на ТикТок не ги негирал наводите на весникот и потврдил дека компанијата била контактирана од CFIUS. САД веќе го забранија ТикТок на уредите на федералната влада, но ова е прва закана од администрацијата на претседателот Џо Бајден за потенцијална забрана на апликацијата на национално ниво

Американските власти најавуваат дека ќе ја забранат социјалната мрежа за споделување видеа ТикТок доколку кинеската компанија која е сопственик на платформата не се повелече од сопственичката структура и не ги продаде акциите, јавуваат светските медиуми.  

Илустративна фотографија/Фото: Архива

Барањето за промена на сопственоста првично беше објавено од Волт Стрит Журнал, а дека САД имаат ваква намера потврдиле од кинеската компанијата БајтДенс сопственик на ТикТок за Би-би-си.  

ТикТок подолг период се соочува со обвинувања од страна на американските власти, но и од други западни влади дека претставува ризик за безбедноста поради одлевање на податоци собрани од милионите корисници кои можат да завршат во раце на кинеската влада. 

Засега сè уште нема коментар од Белата куќа во врска со наводите на Волт стрит журнал.  

Според весникот Комитетот за странски инвестиции на Соединетите држави (CFIUS), кој ги надгледува ризиците за националната безбедност, едногласно препорачал излегување на БајтДенс од сопственичката структура на ТикТок. 

Портпаролот на ТикТок не ги негирал наводите на Волт стрит журнал и потврдил дека компанијата била контактирана од CFIUS. 

Сепак, портпаролот, како што пишува Би-би-си посочил дека има одредена доза пренегласеност во известувањето и дека не јасно што значи терминот „продавање“ во пракса.  

 „Доколку целта е заштитата на националната безбедност, продажбата не го решава проблемот: промената на сопственоста нема да наметне никакви нови ограничувања на протокот на податоци или пристапот“,

изјавил портпаролот за „Би-би-си“. 

 „Најдобар начин да се одговори на загриженоста за националната безбедност е со транспарентна заштита на американските кориснички податоци и системи од самите САД“,

додал тој. 

Најавите за забрана за ТикТок прв пат се појавија за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2020 година.  

Новите најави доаѓаат откако минатата недела во Сенатот на САД беше објавена нова легислатива која му овозможува на американскиот претседател да го забрани ТикТок на национално ниво.  

Законот за ограничување ќе му овозможи на американското Министерство за трговија да ги прогласи компаниите поврзани со странство за ризични по националната безбедност, посочува британскиот национален сервис.  

САД веќе го забранија ТикТок на уредите на федералната влада, но ова е прва закана од администрацијата на претседателот Џо Бајден за потенцијална забрана на апликацијата на национално ниво. Гардијан пишува дека евентуалната забрана од САД би се соочила со значителни правни пречки.

Инаку, освен на уредените на вработените во федералните институции на САД, идентични забрани за администрацијата донесоа и Канада и Европската Унија.

Извршниот директор на ТикТок, Шо Зи Че следната недела треба да се појави и да сведочи пред американскиот Конгрес.  

Тој минатиот месец беше во Брисел на разговори со претставници на ЕУ, каде што доби предупредување ТикТок да ја гарантира безбедноста на податоците за европските корисници. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Советот на општина Бутел да се избришат седум маркици за изградба на згради

Следно

ЕУ размислува да испрати помош за вооружените сили на Молдавија

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop