Руте: Земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната

February 12, 2026
1 min read

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Марк Руте, по завршувањето на денешниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, изјави дека земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната, неопходна за зачувување на безбедноста.

Тој наведе дека на состанокот се разгледувал напредокот на сојузниците во спроведување на одлуките од Самитот во јуни во Хаг во 2025 година за зголемување на расходите за одбрана на пет проценти од бруто домашниот производ.

– Доказите за напредок во исполнувањето на таа обврска се видливи. Веќе видовме огромна промена во 2025 година. Данска, Естонија, Литванија, Летонија, Полска веќе ја исполнија или надминаа таа цел, Германија е на добар пат да ги удвои тие инвестиции во споредба од пред неколку години. Овие инвестиции се од витално значење за нашата безбедност, истакна Руте.

Тој посочи дека денешниот состанок бил фокусиран на зајакнување на одвраќањето и обезбедување континуирана поддршка за Украина, на кои ѝ е потребна поголема поддршка.

– НАТО е со Украина. Нашата безбедност е поврзана и сите сакаме да видиме траен и праведен крај на таа брутална војна. Сојузниците се обединети во нивната поддршка за Украина и нивната посветеност да го бранат секој сантиметар од нашата територија, истакна Руте.

На денешниот состанок во Брисел не присуствуваше американскиот министер за одбрана Пит Хегсет туку неговиот заменик Елбриџ Колби. Руте демантираше дека тоа укажува на поделби во НАТО или во однос на војната во Украина.

Тој потенцира дека САД се целосно посветени на НАТО.

– САД го прекинаа застојот во мировниот процес со Русија, што беше клучно, ги предводат мировните преговори и не информираат за состојбата. Сите имаме една цел: Да ја завршиме таа војна така што Русија никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, наведе Руте.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Следно

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Latest from Blog

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за

Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан

Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во

Македонија стартува во Б-дивизијата: Ривали Шкотска, Швајцарија и Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија во Брисел ги дозна противниците за новиот циклус од Лигата на нации. За првпат од формирањето на ова натпреварување под капата на УЕФА, нашата селекција ќе се натпреварува
Go toTop