Рускиот Парламент го одобри суспендирањето на учеството во договорот „Нов СТАРТ“

February 22, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот Парламент денеска го одобри Предлог-законот за суспензија на учеството на Москва во Договорот за нуклеарно оружје „Нов СТАРТ“, јавува Анадолу.

Двата дома на рускиот Парламент, Државната дума и Советот на Федерацијата, едногласно гласаа за суспендирање на Договорот за намалување на стратешкото оружје, „додека рускиот претседател не донесе одлука за негово продолжување“.

Според Предлог-законот, откако ќе биде усвоен, тој ќе се смета за ефективен од моментот на неговото објавување на официјалниот владин портал.

Во посебна изјава, руското Министерство за одбрана соопшти дека Москва ќе продолжи да се придржува кон ограничувањата на „Нов СТАРТ“ за бројот на носачи на нуклеарни боеви глави и ќе продолжи со размената на известувања за лансирање на проектили.

Во рамките на договорот, страните може да бараат информации за најмногу пет лансирања ракети годишно, доколку разменуваат информации за бројот на боеви глави и носачи двапати годишно – во март и септември – и имаат право да извршат до 18 инспекции годишно.

Договорот го ограничува бројот на распоредени проектили и бомбардери на 700, распоредени боеви глави, вклучувајќи повеќе независни возила за враќање и бомбардери, на 1.550, а распоредени и нераспоредени фрлачи – ракетни цевки и бомбардери – на 800.

Во обраќањето пред рускиот Парламент вчера, рускиот претседател Владимир Путин објави дека Москва ќе го суспендира своето учество во договорот поради вмешаноста на САД во конфликтот во Украина – постојат ризици Вашингтон да пренесе на Киев разузнавачки информации за напади врз стратешките воени објекти на Русија, добиени при инспекции, предвидени со договорот.

Тој, исто така, рече дека договорот „Нов СТАРТ“ е потпишан во фундаментално различна политичка реалност и повеќе не ја одразува ситуацијата.

Потпишан во 2010 година и продолжен во 2021 година за уште пет години, договорот „Нов СТАРТ“ има за цел да ги контролира и намали стратешките нуклеарни сили што ги користат САД и Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган ги посети повредените во земјотресот хоспитализирани во Анкара

Следно

ЕУ: Вучиќ и Курти го потврдија своето учество на претстојниот состанок во Брисел

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop