Русија тврди дека и понудила на Украина размена на 935 воени заробеници, но Киев се согласил на 279

November 3, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во саботата изјави дека Москва му понудила на Киев да размени 935 воени заробеници во текот на годината, но дека Украина се согласила да размени само 279, известува Анадолу.

На брифинг за новинарите во Москва, Захарова рече дека Киев одбива да ги размени војниците кои се предале, нарекувајќи ги „предавници“ и дека има најмалку три бригади кои Украина ги смета за „неподобни“ за размена.

Според Захарова, Киев им дава предност на борците од „нацистичките“ баталјони, вклучувајќи ги ‘Азов’, ‘Аудра’ и ‘Десниот сектор’, кои ги користат симболите на нацистичка Германија, вклучително и симболот свастика, како дел од нивните воени обележја.

Забелешките на Захарова уследија по повикот на Министерството за надворешни работи на Украина за воспоставување меѓународен механизам за следење на украинските воени заробеници во Русија.

Захарова го повика Киев да го искористи постоечкиот механизам кој овозможува решавање на поврзаните прашања, а не да прави „политички публицитет“ врз судбината на своите граѓани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Состојбата на повредените е многу тешка- Мицкоски најави помош за семејството на загинатиот Васко Саздовски

Следно

Фригија – мистериозна територија на Афионкарахисар, Туркије

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop