Русија отвори кривична истрага против судот во Хаг

1 min read

Рускиот истражувачки комитет го товари Кан за „криминален прогон на лице за кое се знае дека е невино… и за подготвување напад на претставник на странска држава кој ужива меѓународна заштита.“

Комитетот тврди дека не постои основа за кривична одговорност на Путин, и дека државните лидери уживаат апсолутен имунитет според конвенцијата на О.Н. од 1973. За Кремљ издавањето налог за апсење на Путин е скандалозно, но нема никаква правна тежина бидејќи Русија не е потписник на договорот за формирање на МКС.

Руското обвинение следува откако во петокот МКС објави налог за апсење на Путин под обвинение за воени злосторства за нелегално депортирање на украинските деца. Слично обвинение доби и Марија Лвова-Белова, руската претседателска комесарка за детски права.

Русија јавно соопшти дека пренела илјадници украински деца на руска територија како дел од хуманитарна кампања за заштита на сираците и децата напуштени во воената зона.

Налогот на МКС ги обврзува сите негови 123 земји членки да го уапсат Путин и да го префрлат во Хаг доколку тој стапне на нивна територија.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Промоција на автобиографијата на големиот шпански режисер Луис Буњуел „Мојот последен здив“ во Кинотека

Следно

Уставни измени: И Владата и ВМРО-ДПМНЕ убедени дека ќе биде по нивно

Latest from Blog