Руни: Отсекогаш сакав да играм за Селтик

September 8, 2024
1 min read

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Вејн Руни на саботниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Селтик откри дека во текот на кариерата сакал да игра за шкотскиот гигант.

Руни на натпреварот меѓу легендите на Манчестер Јунајтед и Селтик што вчера се одигра на Олд Трафорд постигна еден гол, а на крајот шкотскиот клуб го доби натпреварот со 5-4 по изведувањето пенали.

„Селтик секогаш беше тимот што го следев и секогаш сакав да победуваат. За жал, не ја добив шанса, а сакав дел од мојата кариера да ја минам во Селтик. Ја немав таа шанса. Мислам дека секогаш натпреварите против Селтик беа посебни“, изјави Руни.

Руни пред почетокот на натпреварот доби на подарок дрес на Селтик и се пошегува: „Не сум сигурен дали сега ќе ми стои. Ви благодарам многу за тоа, го ценам тоа. Ќе го чувам ова во мојот дом“.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РК Алкалоид го совлада и РК Вардар

Следно

Јаник Синер го прегази Тејлор Фриц за прва титула на УС Опен

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска од Братислава: Дигитализацијата е клучна за поефикасни јавни финансии

7 мај 2026 година, Братислава – Дигитализацијата на даночните процеси, унапредувањето на управувањето со јавните финансии, анализата на јавните трошоци и продлабочувањето на економската соработка беа теми на разговор на работниот состанок меѓу

Проданоски: Прилеп доби ново собирно место за селекција и одлагање отпад

Во Прилеп денеска официјално беше пуштено во употреба новото Собирно место за селекција и одлагање на отпад, кое претставува значаен чекор кон воспоставување на поорганизиран, поодржлив и поеколошки систем за управување со

Божиновска на натпреварот за зелени иновации: Младите се двигатели на промените

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека младите се најголемата енергија за зелената транзиција и двигатели на современиот и одржлив развој на државата. На Националниот натпревар за најдобар
Go toTop