Романија обвинува за странско мешање во претседателските избори

December 5, 2024
1 min read

АТИНА (АА) – Романија денес соопшти за наводни обиди за мешање во претседателските избори во земјата преку кампањи, вклучително и кибернапади, пренесува Анадолу.

Во објава на Х, романското Министерство за надворешни работи соопшти дека властите откриле „малициозни странски операции како нелегално финансирање, дигитално засилување и кибернапади“ насочени кон изборите, чиј прв круг беше нарушен со наводи за изборни прекршувања и руско мешање.

Во неочекуван резултат, крајно десничарскиот политичар Калин Георгеску, поранешен висок државен службеник, беше прв во првиот круг што се одржа на 24 ноември. Во вториот круг в недела, тој ќе се соочи со Елена Ласкони, градоначалничка од центарот.

Беше наредено пребројување на гласовите, а премиерот Марсел Чиолаку, кој беше втор во првиот круг според првичните резултати, падна на третото место.

„Декласифицираните извештаи покажуваат невидено и значително странско мешање кон демократските институции и процеси“, соопшти Министерството. „Тие се дел од континуиран обид да се поткопа цврстата посветеност на Романија кон евроатлантските вредности и нашето членство во ЕУ и НАТО.“

Министерството соопшти дека истрагата продолжува, сојузниците се информирани и „ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да ја заштитиме нашата демократија, националната безбедност и суверенитетот“.

„Романија останува посветена на заштитата на своите демократски институции и процеси“, се додава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова: Свети Климент е еден од најголемите столбови на македонската духовност

Следно

Во Брисел „Самит ЕУ-Западен Балкан“

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop