Ристовски: Самитот „Скопје 2025“ ја потврдува важноста на спортот во создавање просперитетно и современо општество

September 10, 2025
1 min read

Скопје, 10 септември 2025 – Регионалниот спортски самит „Скопје 2025“ денеска ја истакна улогата на спортот како клучен фактор за здраво, современо и просперитетно општество. Настанот, под покровителство на Министерството за спорт на Република Македонија, собра министри, спортски функционери и делегати од регионот.

-„Овој самит не е само формален настан, туку платформа за заеднички визии, размена на искуства и градење нови партнерства. Преку регионална соработка и поддршка од институциите, спортот ќе биде двигател на здраво, современо и просперитетно општество“, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во воведното обраќање.

Во рамки на самитот, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски најави поголеми инвестиции во спортската инфраструктура низ целата држава, како и нови законски измени за финансиски олеснувања при инвестирање во спортот.

 

На панелот „Спонзорства во спортот: Како до профитабилни партнерства“, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска повика компаниите да вложуваат во спортот, истакнувајќи дека инвестициите во училишниот спорт создаваат дисциплинирани и победнички ориентирани граѓани и потенцијални квалитетни работници за компаниите.

Присутните беа инспирирани и од мотивирачката приказна на фудбалската легенда Горан Пандев, кој ја потенцираше важноста на спортот во градењето карактер и заедништво.

Првиот панел „Како спортот ја обликува иднината на Балканот: Преку соработка до успех“ донесе дискусија меѓу министрите за спорт од Македонија, Србија и Црна Гора, кои се согласија дека регионалната соработка е клучна за развој на инфраструктурата, младите таленти и заедничката визија за иднината на Балканот.

Самитот продолжува со девет панели на теми од областа на спортот, со цел размена на искуства, поттик на регионална соработка и истакнување на улогата на спортот во современото општество.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Владата вложи 12 милиони евра за проекти во Гази Баба

Следно

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop