Репрезентативец на Украина го засилува Вардар

May 28, 2024
1 min read

Левиот бек Дмитро Горига (26) следната сезона ќе настапува за Вардар. Ракометниот репрезентативец на Украина игра во двата правца, и во напад и во одбрана.

-Треба да ја засили конкуренцијата во тимот, и да го подигне квалитетот на играта. Иако имаше понуди и од други клубови, реши да дојде во Вардар. Горига ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката. Сигурни сме дека ќе се вклопи брзо во нашиот систем на играње и ќе може во целост да го покаже својот квалитет. Секоја година одиме чекор понапред, и создаваме тим што во иднина ќе ги донесе посакуваните резултати на клубот, вели Борко Ристовски, извршниот директор на РК Вардар.

Горига настапуваше за Украина на ЕП во 2022 година. Неколку сезони е веќе интернационалец со искуство играње во Полска и Франција. Играше и во квалификациите за ЕП 2024 година, но тогаш Украина не се пласираше на завршниот турнир.

Украинецот во Скопје доаѓа од Катар каде настапува за тимот на Ал Араби. Претходно има настапувано и во Франција во екипата на Екс Ан Прованс, и во Полска во тимот на Шчечин, а во Украина играл за тимот на Мотор Запорожје. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Муралите како споменици на истакнати Македонци

Следно

Нов лек за мамурност и пијанство

Latest from Blog

Израел уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Газа

АНКАРА (АА) – Израелската армија рано утринава уби палестински новинар додека беше на лекување во болница во Кан Јунис, јужниот дел на Појас Газа, јавува Анадолу. Канцеларијата за медиуми на Владата со

Од 1 јуни македонските компании ќе снабдуваат 1000 потрошувачи со струја на косовскиот пазар

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазаротсо електрична енергија. Ова
Go toTop