Расфрлените мртви тела на подот во загрепската болница можно е да се подметната сцена – вели градоначалникот Томашевиќ

April 29, 2023
2 mins read

Првиот човек на Одделението за патологија тврди дека сигурно се почитува правилникот, а од друга страна, она што е чудно е што читателот што ги доставил снимките тврди дека се стари две недели, што не може да биде вистина бидејќи во последниот месец таму воопшто немало ситуации каде што телата би биле надвор од уредите за ладење, а не, пак, на под – вели градоначалникот на Загреб

И денеска не стивнуваат реакциите на снимките од починати пациенти наредени на подот во болницата „Свети дух“ во Загреб. Управата на болницата поднесе кривична пријава против непознат сторител за да се утврди дали некој намерно ги извадил телата од ладилниците, а потоа ги снимал на подот на болницата.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, вели дека звучи морбидно, но дека е можно мртвите тела поставени на подот на фотографиите да се подметнати поради што полицијата треба да спроведе истрага и да го расветли случајот до крај.

Томислав Томашевиќ, фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

„Звучи неверојатно и морбидно, но можно е од аспект на контекстот, а контекстот е следен – директорката на ‘Свети дух’ ја презеде функцијата пред нешто повеќе од една година и ‘Свети дух’ беше единствената болница во Загреб каде што жените не можеа да го остварат правото на абортус“,

изјави Томислав Томашевиќ, градоначалник на Загреб.

Интересен е и тајмингот на објавување на фотографиите, вели тој.

„Снимките се појавуваат во медиумите на денот кога во собранието се одлучува за наградите на Град Загреб за 15 поединци и групи, меѓу кои и директорката на ‘Свети Дух’, која е во два отсто од најцитираните научници во светот“,

коментира Томашевиќ.

На новинарско прашање дали директорката на болницата треба да си замине, тој одговори со контрапрашање – дали некоја кривична пријава завршила со обвинителен акт и дали се потврдило нешто за што била обвинета.

„По објавувањето на снимките во јавноста, побарав отчет од директорката на болницата, која, пак, побара отчет од началникот на Одделението за патологија, кој тврди дека за цело време се почитува правилникот за постапување со починати пациенти, според кој, телата мора да се чуваат во уреди за ладење или ако тој ден, за жал, починале многу пациенти, телата мора да се чуваат на маси предвидени за тоа, покриени со чаршаф“,

вели градоначалникот на Загреб.

Според објавените снимки, вели тој, излегува дека на падот имало седум тела.

„Тоа би било апсолутно прекршување на прописите на болницата и грубо кршење на работните обврски. Првиот човек на одделението тврди дека сигурно се почитува правилникот, а од друга страна, она што е чудно е што читателот што ги доставил снимките тврди дека се стари две недели, што не може да биде вистина бидејќи во последниот месец таму воопшто немало ситуации каде телата би биле надвор од уредите за ладење, а не, пак, на под“,

рече тој.

Државната инспекција, вели тој, била таму ненајавено во март, во април и повторно ненајавено вчера и не констатирала апсолутно ништо што би било спротивно на каков било правилник или пропис.

Управата на Клиничката болница „Свети дух“ вчера извести дека до загрепската полиција поднела кривична пријава против непознат сторител со цел да се утврди дали некој намерно ги извадил телата на починатите од уредите за ладење, а потоа ги снимал на подот во болницата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Расфрланите мртви тела на подот во загрепската болница можно е да се подметната сцена – вели градоначалникот Томашевиќ

Следно

Заменик-претседателот на Судскиот совет со „креативно“ толкување на разрешувањето на претседателката: Сè што не е забрането е дозволено

Latest from Blog

Темата мигранти е измислена од СДС за дневна политика, затоа и побегнаа од Собрание кога требаше да се дискутира за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: „Вистина излегува на виделина и СДС веќе не може да го скрие лицемерието, нивните лаги и манипулации. Наводната загриженост за мигрантите се виде дека им е

ОВА СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на

Ѕвездата на серијата „Луд, збуњен, нормалан“ се откажа од награда по пресудата за педофилија

Како што објави „Вијести онлајн“, Касумовиќ одлучи да се откаже од наградата „3 јануари“, највисокото општинско признание на Бијело Поље, кое му беше доделено во 2017 година, пренесе Индекс. Испрати соопштение за
Go toTop