Рама бара итни избори на северот на Косово – до Макрон и Шолц доставил нацрт за ЗСО

June 8, 2023
1 min read

За Рама најголема опасност за Косово е заладувањето на односите со сојузниците, а не со Србија, за што цел свет го обвинува Албин Курти, премиерот на Косово

Еди Рама и Албин Курти / Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Убеден сум дека треба да се распишат нови избори без да се губи време и тоа веднаш. Да се покаже волја пред сè и да се деескалира ситуацијата. Полицијата мора веднаш да се повлече, зашто ако странските трупи го заземат северот на Косово, прашањето, којзнае по колку години ќе се врати на маса.

Ова денеска го порача албанскиот премиер Еди Рама коментирајќи ја ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово во општините со мнозинско српско население.

Рама откри и дека до францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, доставил нацрт-документ за Заедницата на српски општини (ЗСО), а со тоа ги запознал и претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, како и американската страна.

„Формирањето на ЗСО на Косово е клучот за конечно да се отвори вратата за меѓународна афирмација на Република Косово и нејзиното признавање од сите, нејзиното членство во Обединетите нации и сите меѓународни форуми и меѓусебно признавање со Србија“,

смета тој.

Според него, станува збор за многу доверлив документ.

„Документот несомнено не претендира да биде идеално решение, но ве уверувам дека е документ од највисоко меѓународно ниво кој ги зема предвид сите причини за создавањето на асоцијацијата и дефинитивно зема предвид дека заедницата е дел од организацијата на животот во Република Косово со адресирање на сите препораки или заклучоци на Уставниот суд на Косово“,

посочи Рама.

Според него, за Косово е од витално значење да излезе од овој ќорсокак и дефинитивно да го финализира процесот кој овозможува „меѓусебно признавање и конечно ослободување на Косово дури и од пречките од правна природа во однос на дел од Европа и светот што го прави со непризнавањето како република“.

За Рама најголема опасност за Косово е заладувањето на односите со сојузниците, а не со Србија, за што цел свет го обвинува Албин Курти, премиерот на Косово.

„Јас не го напаѓам Албин Курти. Целиот демократски свет Албин Курти го обвинува по име и презиме, а тоа само ми предизвикува жалење, бидејќи не гледам зошто тоа треба да се случи. Јас не сум тука ниту да му судам на Албин Курти, а уште помалку да го нападнам Курти. Денеска не е во прашање судбината на Албин Курти, туку судбината на Република Косово“,

додаде Рама.

На прашањето дали Курти може да биде прогласен за персона нон грата од САД, за што деновиве се зборува, Рама рече дека „воопшто не навлегува во тоа прашање бидејќи ова нема посебна важност дали е вистина или не, сè додека не биде јавна изјава“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шведската компанија „Автолив“ планира да отпушти 8.000 работници

Следно

„Влада без ДУИ“ и „важност на уставните измени“ – три множества без пресек

Latest from Blog

Пукотници во близина на Белата куќа- тајната служба го застрела напаѓачот (ВИДЕО)

Американската телевизиска компанија CBS објави дека станува збор за 21-годишниот Насире Бест, кој претходно бил познат на Тајната служба и имал регистрирана историја на проблеми со менталното здравје. Доналд Трамп ѝ се

Драма во Калифорнија: ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ РИЗИК ОД ХЕМИСКА ЕКСПЛОЗИЈА

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба додека екипите за итни интервенции се борат со времето за да го запрат истекувањето на токсична хемикалија во производен погон во округот Оринџ. Поради

Димитриеска-Кочоска го повикува економскиот тим на опозицијата на средба

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска го повикува економскиот тим на опозицијата на средба во Министерството за финансии. Вели дека деновиве имало хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички
Go toTop