Рајчев останува обвинител во предметот за Стаменковски од „Доказ“ по обвинувањата дека соработувал со обвинетиот

May 19, 2023
1 min read

Обвинителот Рајчев, претходно и во судница и пред камери, ги квалификуваше наводите на обвинетиот како невистини и нагласи дека воопшто не го познава Стаменковски ниту, пак, имал лична или каква било комуникација со обвинетиот

Обвинетиот Марјан Стаменковски и обвинителот Сашо Рајчев

Обвинителот Сашо Рајчев од Вишото јавно обвинителство (ВЈО) останува обвинител во предметот за сопственикот на парапорталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски, по обвинувањата од обвинетиот дека соработувал со него.

Обвинителот утрово се појави на продолжението на јавната седница во Апелацискиот суд Скопје откако републичкото обвинителство донело такво решение со оглед дека шефот на скопското ВЈО, Мустафа Хајрулахи, кој првично требаше да одлучи, се иззема од носење одлука поради спомнување на неговото име од страна на Стаменковски.

Јавната седница започна во средата, но на почетокот обвинетиот Стаменковски осуден на затворска казна од првостепениот суд, побара Рајчев да биде изземен тврдејќи дека обвинителот му давал информации за текстови објавувани на неговиот парапортал, вклучително и за неговиот шеф, Хајрулахи.

„Барам да се изземе почитуваниот обвинител поради судир на интереси бидејќи, според мои сигурни информации, лицето Сашо Рајчев има праќано информации кои се дел од предметите за што ме судите, но и за предмети за кои претседателот на Вишото јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи има барано извинување од мене, но и за други предмети“,

рече Стаменковски.

Рајчев, пак, и во судница и пред камери, ги квалификуваше наводите на обвинетиот како невистини.

„Сметам дека денешното барање (за изземање) е еден од начините да се одолговлекува постапката и да се прават сензации како што се правеа сензации и во текстовите што тој ги објавуваше секојдневно и кои се предмет на оваа кривична постапка“,

изјави обвинителот нагласувајќи дека воопшто не го познава Стаменковски ниту, пак, тврди, имал лична или каква било комуникација со обвинетиот.

Денеска во Апелација тој и Стаменковски со неговите адвокати ќе се произнесат за затворската казна од три години и еден месец што ја доби сопственикот на „Доказ М“ од Основниот кривичен суд кој го прогласи за виновен за пет кривични дела – две за ширење расистички и ксенофобичен материјал и по едно дело: уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

Во Основното јавно обвинителство Скопје се води и втор предмет за Стсменковски кој се очекува да ги открие нарачателите и соработниците за текстовите што тој ги објавуваше на неговиот парапортал. Очекувањата се и да се дознае потеклото на парите кои беа пронајдени при претрес во неговиот дом, кој според неофицијални информации, биле во сума од околу 90 000 евра.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ денеска продолжува во Битола

Следно

Autoparts Ekspo 2023, panair për autopjesë në Shkup

Latest from Blog

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу
Go toTop