Радев ја свика првата седница на новиот парламентарен состав во Бугарија

April 10, 2023
1 min read

ГЕРБ-СДС ќе имаат 69 пратеници или пет повеќе од второпласираната коалиција Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија. Коалицијата на Борисов прва ќе има можност да формира влада, додека од коалицијата на Петков рекоа дека нема да ја поддржат, а доколку ГЕРБ-СДС не успеат тие како второпласирани ќе предложат свој владин состав

Бугарскиот претседател Румен Радев за в среда (12 април 2023) во 10 часот ја свика првата седница на новото 49. Народно собрание на Бугарија.

По изборите на 2 април и соопштувањето на конечните резултати, Радев денеска го потпиша указот за свикување на инаугуративната седница.

Во новиот состав на бугарскиот парламент, кој брои 240 члена, најмногу пратеници ќе има коалицијата предводена од поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС – 69 пратеници.

Пет места помалку, пак, ќе има коалицијата на уште еден експремиер, Кирил Петков, Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

Трета политичка сила во Народното собрание ќе биде националистичката партија Преродба со 37 пратеници. Еден мандат помалку, пак, освои турската Движење за права и слободи (ДПС).

Бугарската социјалистичка партија (БСП) ќе има 23 пратеници, а Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов 11.

Изборите на 2 април годинава беа петти во период од две години откако претходно ниту една партија не можеше да формира стабилна коалиција и влада.

Сега први во обид да го направат тоа ќе биде коалицијата ГЕРБ-СДС. Во пресрет на изборите, анкетите покажуваа дека над 48 отсто од бугарските граѓани поддржуваат првите две партии со најмногу гласови да формираат влада, меѓутоа тоа веројатно нема да биде случај сега со оглед дека од коалицијата на Петков порачаа дека нема да поддржат влада во која ќе биде партијата на Борисов.

Доколку ГЕРБ не успее да формира влада со некоја од партиите, ПП-ДБ најавија дека како второпласирани ќе предложат свој владин кабинет.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Островска“ во Лисиче добива мултифункционален спортско-рекреативен комплекс

Следно

Пронајдени две тела под урнатините на зградата што се урна во Марсеј, се трага по најмалку шест лица

Latest from Blog

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи

НБРМ: Во главната филијала на Алта банка во Битола ќе се исплаќа готовина за граѓаните без картички

Граѓаните што имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но немаат платежни картички, од четврток, 5 ноември, ќе можат да подигнуваат готовина во главната филијала во Битола, соопшти Народната банка. Исплатата

ЕФА бара меѓународна заштита за Македонците во Грција: Пријавени притисоци и прекини на фестивали

Пријавите за прекинати фестивали и заплашување се надоврзуваат на долгогодишните спорови за јазикот идентитетот и правото на здружување Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) побара меѓународна

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската
Go toTop