Путин и Ким Џонг Ун договориле меѓусебна подршка во случај на „агресија“

June 19, 2024
2 mins read

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун потпишаа договор за партнерство на 19 јуни за време на самитот во Пјонгјанг, во обид да ја прошират својата економска и воена соработка и да го зацврстат обединетиот фронт против Вашингтон.

Договорот предвидува „взаемна поддршка“ во случај овие две земји да се соочат со агресија, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Пјонгјанг, пренесува агенцијата АФП.

Путин ги отвори разговорите со својот севернокорејски колега велејќи дека Москва ја цени поддршката на Пјонгјанг, вклучувајќи ја и нејзината позиција кон Украина.

Во февруари 2022 година, Русија ја започна својата инвазија на Украина.

Путин, исто така рече дека Москва „се бори против децениската империјалистичка политика на САД“.

„Мислам на нашата борба против хегемонистичката политика наметната со децении, империјалистичката политика на САД и нивните сателити кон Руската Федерација.

За време на разговорот со Ким, Путин изразил „восхитување“ на трансформацијата на Пјонгјанг во изминатите 24 години“ и дека е убеден дека преговорите меѓу двете земји ќе бидат продуктивни.

Ова е прва посета на Путин на Северна Кореја по 24 години.

Ким Џонг-Ун срдечно го поздрави својот гостин на почетокот на разговорите. Тој истакна дека оваа посета го потврдува квалитетот на руско-корејските односи, кои влегоа во период на најголем развој. Според Ким Џонг-Ун, оваа посета претставува историски момент и има најважно стратешко значење во историјата на руско-корејските односи.
„Односите меѓу нашите земји влегуваат во период на нов висок просперитет, кој не може ниту да се спореди со периодот на корејско-советските односи во минатиот век“, рече Ким Џонг-Ун. Тој изрази уверување дека за време на посетата на Путин „пријателството на двете земји значително ќе зајакне“.

Ким Џонг-Ун обрна внимание на тоа како шефот на руската држава беше пречекан од обичните жители на Пјонгјанг. „Мислам дека ентузијазмот што ви го покажаа нашите жители уште еднаш го потврдува вистинското ниво на нашите односи“, рече тој.

Тој исто така изјави дека Русија „одржува стратешка рамнотежа во светот“.

„Владата на Демократска Народна Република Кореја ја цени важната мисија и улогата на силната Руска Федерација во одржувањето на стратешката стабилност и рамнотежа во светот, а исто така изразува целосна поддршка и солидарност на руската влада, армија и народ во спроведувањето специјален воена операција во Украина за заштита на суверенитетот, безбедносните интереси, како и територијалниот интегритет“, нагласи Ким Џонг-ун.

Пречекот на Путин во Пјонгјанг

Пречекот на Путин во Пјонгјанг

Северна Кореја е под тешки економски санкции од Советот за безбедност на ОН поради нејзиното нуклеарно оружје и ракетните програми, додека Русија исто така се бори со санкциите од Вашингтон и нејзините западни партнери поради нејзината агресија во Украина.

Посетата на Путин доаѓа во време на зголемена загриженост задоговорот за вооружување во кој Пјонгјанг ѝ ја дава на Москва потребната муниција за да ја помогне војната на Путин во Украина, во замена за економска помош и трансфер на технологија што ќе ја зајакне заканата од нуклеарното оружје и ракетната програма на Ким.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека продлабочувањето на односите меѓу Москва и Пјонгјанг е загрижувачко, „не само поради влијанието што ќе го има врз украинскиот народ, бидејќи знаеме дека севернокорејските балистички ракети сè уште се користат за напади врз украински цели, но и затоа што тука може да има некаков реципроцитет што може да влијае на безбедноста на Корејскиот полуостров“.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најстарото вино на светот пронајдено во римска гробница во Шпанија

Следно

Борел со препорака за укинување на мерките за Косово

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop