Путин го зголеми бројот на војници во руските сили на 170.000

December 2, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера го зголеми бројот на војници во руските сили за околу 170.000, со што војниот персонал се зголеми на повеќе од 2,2 милиони, известува Анадолу.

Путин потпишал указ за зголемување на персоналот на Вооружените сили на Русија на 2.209.130, вклучувајќи 1.320.000 војници, објави Кремљ.

Одлуката стапила во сила денот на нејзиното потпишување.

Според декретот што го потпиша Путин, кој стапи во сила на 1. декември, војската имала 2.039.758 членови, вклучувајќи 1.150.628 војници.

Во однос на претходната регулатива, бројот на војници е зголемен за 169.372.

Министерството за одбрана на Русија објави дека и покрај зголемувањето на бројот на војници, не постои план за значителен раст на мобилизацијата.

Во соопштението се наведува дека бројката на војници е зголемена поради растот на заканите поврзани со „специјалната воена операција“ во Украина и ширењето на НАТО.

Зголемувањето на Вооружените сили се смета за реакција на активностите на НАТО.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Ја поддржуваме наменската индустрија, активно придонесуваме во колективниот систем за одбрана на НАТО

Следно

Петровска: Околу 40 македонски компании веќе можат да учествуваат на НАТО пазарот, заедно со АТС ќе го развиваме првиот македонски дрон

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Адвокати на Заев вршеле притисок во СЈО – предметот „Пуч“, останал затворен

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наместо како независнa институција, функционирало како партиски штаб на СДСМ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста, повикувајќи се на изјави од поранешната обвинителка Лејла Кадриу. Според Кадриу,

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска ќе учествува на состанокот на ниво на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел. – Министерот Мисајловски заедно со

„Престанете да тропате на вратата на Кремљ“

Литванскиот претседател Гитанас Науседа апелираше до европските политичари да престанат да „тропаат на вратата на Кремљ“, сметајќи дека тоа ја ослабува позицијата на Европа. „Позицијата на Европа тешко може да се зајакне

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот
Go toTop