Путин го делат недели од пробивање на фронтот во Украина

April 3, 2024
1 min read

Русија ги напаѓа украинските линии со артилерија, ракети и дронови со пет пати поголем обем отколку што Украина може да врати, а украинските сили се истоштени од интензитет на бомбардирања кој не е забележан ни во некои од најжестоките битки во Првата и Втората светска војна.

„Западот даде крпен одговор на можноста за руско пробивање во рок од неколку недели. Артилериските залихи, дури и за нивниот сопствен арсенал во држави како Британија, Германија и САД нема да бидат надополнети уште цели две години.

Германија ја зголеми воената потрошувачка но и понатаму одбива на Украина да и прати клучни оружја како проектилите Таурус.

Сојузниците во НАТО и ЕУ треба да имаат координирана стратегија за спречување на катастрофата што ја чека Украина. Ако Зеленски е поразен, Киев и Одеса сведени на крш, западните сојузници ќе треба многу повеќе да работат за да одговорат.

Владимир Путин по масакрот во Крокус салата јасно кажа дека сега борбата не му е само против ‘нео-нацистичка’ Украина, туку и против ‘нео-нацистичкиот Запад’, кого режимот во Киев само го претставува,“ пишува Роберт Фокс во текстот за Стандард.

Неговата процена е дека западната алијанса периодов изгледа хаотично. Американците се преокупирани со внатрешни недоразбирања, а европските партнери заглавени во енергетска криза (Германија, Италија и Шпанија) гледаат тајно и јавно да постигнат некаков помек договор со Русија.

Фокс пишува дека Русија до сега има изгубено 405.000 војници во битките (Украина 385.000), меѓутоа има 1,3 милиони подготвени за војна, и има можност да ангажира уште 1,5 милиони до 2027. Бројки кои според него треба да послужат за војна против Западот.

Тој ја критикува британската влада за недоволно трошење на одбрана, и објаснува дека во ветените 2,1% од БДП-то всушност се вклучени и пензиите и останатите социјални бенефити за припадниците на војската и одбраната.

„Неопходна е едноставна и практична ревизија на одбраната во рок од неколку месеци од доаѓањето на следната влада на власт.

За жал лошата судбина на Украина покажува дека можеби е предоцна и за тоа. Ние мора сега да сфатиме дека судбината на Украина одлучува за безбедноста на Западниот свет,“ порачува Фокс.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уставен суд не поведе постапка за измените на ЗРО во врска со работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Следно

Хансен става крај на кариерата по Игрите во Париз

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop