Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

March 30, 2026
1 min read

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП и со поддршка на Владата на Швајцарија.

На настанот, на кој присуствуваа претставници на институции, општини и меѓународни организации, се разговараше за предизвиците и можностите за подобра координација помеѓу општините.

Проданоски истакна дека меѓуопштинската соработка се потврдува како клучен механизам за поефикасна испорака на услугите кон граѓаните, особено во услови кога општините се соочуваат со заеднички предизвици и ограничени ресурси.

Тој посочи дека посебен акцент бил ставен на имплементацијата на препораките од релевантните извештаи, како и на потребата од системски пристап во креирањето политики што ќе овозможат одржлив развој на локалната самоуправа.

Според него, ваквите настани се од големо значење за размена на искуства и градење партнерства, кои директно придонесуваат за поквалитетни услуги и подобар живот за граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Следно

Arrestime për drogë në Kumanovë dhe Shkup, disa raste të dhunës dhe vjedhjeve në vend

Latest from Blog

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop