Проданоски: Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет

May 5, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 5 Мај – Денот на македонската азбука и македонскиот јазик, истакнувајќи дека овој датум претставува еден од најсветлите мигови во македонската историја.

Како што наведе тој, 5 Мај е ден кога македонскиот збор добил своја официјална форма, а со тоа и силна потврда на националниот идентитет.

„Овој датум е сведоштво за истрајноста на генерации македонски дејци кои речиси еден век го градеа патот до кодификацијата на јазикот“, порача Проданоски.

Тој се осврна и на историската улога на големите имиња кои оставиле траен белег во развојот на македонскиот јазик и литература, меѓу кои Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин и Блаже Конески, нагласувајќи дека нивната мисла и дело се темел на македонскиот јазичен идентитет.

Проданоски истакна дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и колективна меморија, култура и духовна суштина на народот.

„Нашата должност е да го чуваме, негуваме и унапредуваме македонскиот јазик со гордост, љубов и одговорност“, порача градоначалникот.

Тој на граѓаните им го честита 5 Мај, со порака дека македонскиот збор треба да остане вечен и достоинствен симбол на идентитетот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Енергетиката се трансформира во систем на доверба и стабилност

Следно

Димитриеска-Кочоска: Македонската економија се очекува да продолжи со стабилен раст

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop