Проданоски: Делчев и Тошев се вечна инспирација за Македонија

May 4, 2026
1 min read

Со пригодна порака по повод 4 мај, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оддаде почит на македонските револуционери Гоце Делчев и Пере Тошев, истакнувајќи дека нивното дело и жртва се длабоко вградени во темелите на македонската државност.

Проданоски потсети дека на денешен ден во 1903 година загина Гоце Делчев, симбол на револуционерната мисла и борбата за слобода, човек со визија кој верувал во светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Тој нагласи дека пораките на Делчев се актуелни и денес, поставувајќи го прашањето како современото општество ги разбира и применува неговите идеи.

„Одговорот започнува од секој од нас. Со личен придонес и одговорност можеме да создадеме подобро општество, поубав, посовремен и поорганизиран Прилеп, кој ќе биде вистински дом за сегашните и идните генерации“, истакна Проданоски.

Тој се осврна и на ликот и делото на прилепчанецот Пере Тошев, кој загина на 4 мај 1912 година, посочувајќи дека како еден од апостолите на македонската револуционерна борба и учесник во креирањето на уставот на ВМРО, претставува гордост за градот и пример за пожртвуваност и визија.

Градоначалникот нагласи дека должност на сегашните генерации е достоинствено да ја негуваат и изразуваат почитта кон овие историски личности, чие дело претставува инспирација за градење на современа и просперитетна држава.

Во својата порака, Проданоски го честиташе и патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“, повикувајќи на континуирано негување на историското наследство и вредностите што ги оставиле македонските великани.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 7 до 9 мај: Прво издание на Вински фестивал Битола на платото пред Офицерски дом

Следно

Пазарот стабилен: МБИ10 во пораст, обврзниците без активност

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop