Припадници на академската фела во Шпанија кои преминале во ислам се соочуваат со дискриминација

May 12, 2023
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Припадници на академската фела во Шпанија кои преминале во ислам кријат дека се муслимани за да не им се наштети на нивните кариери, изјави еден таков академик што работи на полето на меѓународни односи, јавува Анадолу.

Зборувајќи за Анадолу, Луси Хуртадо ја истакна дискриминацијата на муслиманските академици на универзитетите во Шпанија.

Хуртадо рече дека била католик пред да стане муслиманка во 2010 година.

Истакнувајќи дека не можела да добие јасни одговори од луѓето околу неа на прашањата за христијанството и дека го открила исламот додека ја истражувала историјата на Шпанија за да си го расчисти умот, Хуртадо истакна дека нејзината одлука да стане муслиманка е голем чекор бидејќи знаела дека би била исфрлена од нејзиниот социјален круг откако ќе се преобрати.

Хуртадо рече дека наишла на силни реакции и дискриминација кога им кажала на своето семејството и на блиските пријатели дека е муслиманка, додавајќи дека татко ѝ ја отфрлил нејзината одлука да премине во ислам.

Таа рече дека ѝ се придружила на заедницата основана од муслимански Шпанци, со цел да се дружи кога била исклучена од нејзиниот социјален круг. Таа истакна дека и другите како неа се жалат дека биле дискриминирани од општеството.

Хуртадо рече дека докторирала по меѓународни односи на еден од престижните универзитети во Шпанија во 2011 година и дека не била дискриминирана бидејќи во тоа време не носела шамија, но муслиманските Шпанци околу неа биле исклучени од академијата.

Таа истакна дека шпанските академици што се муслимани се под поголем притисок од муслиманските академици што доаѓаат од странски земји.

Таа рече дека почнала да се соочува со дискриминација уште пред академскиот живот.

„Притисокот започнува пред почнете со академскиот живот. Ве истражуваат долго време за време на апликацијата. Тоа не е процедурална работа. Професорите на катедрата ги повикуваат вашите професори на универзитетот од кој доаѓате и истражуваат дали сте муслиман или ‘радикална’ личност. Ако се покаже дека сте муслиман, не ве примаат на академијата. Ако ги прашаш луѓето што го прават ова, тие го негираат тоа бидејќи тоа што го прават е незаконски“, рече таа.

Хуртадо истакна дека шпанските академици за кои било откриено дека се муслимани биле означени како „предавници што ја предале својата земја“.

Таа рече дека шпанските предавачи што се муслимани, исто така, имаат големи тешкотии да аплицираат на други универзитети.

„Ниту еден шпански академик што ќе избере да стане муслиман нема да одговори на прашањата што ми ги поставувате затоа што се плашат да не бидат стигматизирани и разоткриени. Универзитетите на кои аплицираме повеќе гледаат на нашата религија отколку на нашата академска кариера. Доколку дознаат дека сме муслимани, кредибилитетот на нашите написи, анализи и истражувања ќе биде доведен во прашање.“

Хуртадо рече дека советодавците на овие тврдења не зборувале против академското малтретирање иако мислеле дека тоа е погрешно, додавајќи дека потребата што ја чувствуваат муслиманските Шпанци да ја прикријат својата религија им предизвикала стрес и психолошки проблеми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајките од Дијарбакир, на Денот на мајката сакаат повторно да се обединат со своите деца киднапирани од ПКК

Следно

УЕФА: Истанбул останува домаќин на финалето во ЛШ

Latest from Blog

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија
Go toTop