Принцот Хари и Меган учествувале во „речиси катастрофална“ бркотница со автомобил со папараци

May 17, 2023
1 min read

Во соопштението на портпаролот на принцот Хари се вели дека „немилосрдната потера“ траела повеќе од два часа

Принцот Хари, Меган и нејзината мајка учествуваа во „речиси фатална“ бркотница со автомобил со папараци кои ги бркаа, изјави портпаролот на двојката.

Инцидентот се случил додека војводата и војвотката од Сасекс присуствувале на церемонијата на доделување награди во Њујорк во вторникот.

Во соопштението на портпаролот на принцот Хари се вели дека „немилосрдната потера“ траела повеќе од два часа.

Се додава дека речиси дошло до судир со други возила на коловозот, со пешаци, но и со полициски службеници.

„Кога си славна личност, тоа носи одредено ниво на јавен интерес, но цената на ова никогаш не треба да загрозува нечија безбедност. Ширењето на овие фотографии, со оглед на начинот на кој тие се добиени, поттикнува многу наметлива практика која е опасна за сите инволвирани.“,

рече портпаролот.

Од њујоршката полиција не го потврдија сознанието за инцидентот.

Се наведува дека инцидентот се случил по првото јавно појавување на двојката заедно по крунисувањето на кралот Чарлс Трети претходно овој месец.

Хари и Меган присуствуваа на наградите Women of Vision заедно со нејзината мајка Дорија Рагланд.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Шкендија ја победи Брегалница во Купот на Македонија за пионери

Следно

Украина: Не се согласуваме со губење на територија

Latest from Blog

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа
Go toTop