Пресврт: Престијани призна, ама цехот ќе го платат Винисиус и Мбапе!

February 21, 2026
1 min read
фото: Madrid Xtra
@MadridXtra (X)

Неверојатен пресврт во случајот на Престијани и Винисиус, но така е тоа кога имаш одличен адвокат. Имено Џанлука Престијани призна дека го навредил Винисиус на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Реал Мадрид. Сепак, во изјавата што ја даде до Европската фудбалска федерација (УЕФА), Аргентинецот ги отфрли обвинувањата за расистичка навреда (мајмун) и призна дека употребил хомофобична навреда.
И тоа би требало да му донесе казна на играчот на Бенфика. Дисциплинската комисија на УЕФА наскоро ќе одлучи за неа, но може да има и голем пресврт во кој Престијани би можел да ги тужи Виникус Жуниор и Килијан Мбапе.
Престијани може да ги тужи ѕвездите на Реал за клевета по обвинувањата за расизам. Доколку УЕФА утврди дека е невин по обвинението за расизам, може да поднесе тужба, бидејќи Вини и Мбапе јавно ги објавија обвинувањата за расизам. Тој би имал право на обештетување, а ќе мора да следи и јавно извинување.
УЕФА сега е фатена во небрано. Доколку го казни Престијани за хомофобични навреди кон Вини, ќе мора да го стори истото и во случајот со Килијан Мбапе. Французинот беше јасно снимен како го навредува Аргентинецот и го нарекува расист. Бенфика побара истрага од ФИФА против Мбапе. Тој е обвинет дека го навредувал Престијани за време на сите настани на теренот.
Престијани направи неверојатен потег со својот адвокат. Тој призна што направил, но го направи тоа така што призна сè што противникот направил на теренот. Сè е изведено мајсторски.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Детската поворка ја разубави Прочка 2026 во Прилеп

Следно

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

Latest from Blog

Макрон за царините на Трамп: Добро да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки

 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави за трговските тарифи на претседателот Доналд Трамп покажува дека е добро да има противтежа на моќта и

ВИДЕО: Интензивни работи на терен, се гради автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

Со одлична динамика се одвиваат градежните работи за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани кој е дел од Коридорот 8. Овој автопат од едната страна ќе се поврзе со автопатот од Гостивар до Тетово,

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

Автопатот од Гостивар до Кичево ќе биде изграден во рокот, ова го потврдија премиерот Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски по

Детската поворка ја разубави Прочка 2026 во Прилеп

По неколкугодишна пауза, денес во Прилеп повторно се одржа Детскиот карневал, како дел од традиционалниот Меѓународен карневал Прочка 2026. Малите маскирани учесници, исполнети со креативност и радост, ја започнаа својата поворка од

Проданоски: Насмевките на децата се најубавата најава за Прочка во Прилеп

ПРИЛЕП – Детската карневалска поворка денеска го исполни центарот на Прилеп со радост, боја и креативност, носејќи ја вистинската атмосфера на претстојниот карневал Прочка. Голем број ученици, наставници и родители учествуваа во
Go toTop