Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

September 17, 2024
2 mins read

Собранието денеска ќе одржи продолжение на 14. седница, на чиј дневен ред, се повеќе точки, меѓу кои и Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на 13 месецов го даде на натамошна постапка Предлог-законот за заемот од Унгарија.

Вкупниот износ на заемот од Унгарската експорт – импорт банка изнесува 500 милиони евра. Заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти, Република Македонија ќе ѝ плаќа на Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот, пресметано од датумот на достапност на средствата и ќе се плати првиот работен ден по завршување на периодот на достапност. Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Дополнително, Република Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност. Провизијата за извршени правни услуги ќе се плати пред повлекување на траншата.

Половина од средствата од овој заем, како што беше појаснето од владините претставници, ќе се користат за развој на општините, а другите како помош за економијата и за буџетски потреби.

Опозицијата обвинува дека парите не се од Унгарија, како и дека земјата станува политички заложник на оваа земја.

На дневен ред на 14. Седница на Собранието се останати повеќе точки, меѓу кои нив и некои кои за кои веќе е завршена расправата и треба само да се гласа како Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, двата по скратена постапка.

Пред пратениците е и предлогот за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, како и предлогор за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно – истражувачка дејност, од редот на студентите –

На дневен ред се и повеќе годишни извештаи, меѓу кои и за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, на Агенцијата за електронски комуникации и на Судскиот совет, сите за 2023 година.

На крај, како 31 и 33 точка на дневен ред на 14. седница на Собранието се и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, како и за Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, и двата по скратена постапка.

За денеска е закажано и продолжение на 12. седница на која се очекува само да се констатира повлекување на десетина закони.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фудбалерите на Реал Мадрид ги добија своите признанија од ЛШ

Следно

Без струја дел од село Кондово

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop