Ппоради скапите станови во оваа европска метропола, разведените се почесто продолжуваат да живеат заедно

March 12, 2023
1 min read

Становите во Мадрид се се поскапи и се помалку луѓе можат да си дозволат да живеат сами, па поради таа причина голем дел од оние кои се разведуваат се принудени да живеат заедно.

Мадридскиот весник „Ел Паис“ пишува дека неможноста сами да ја платат наемнината принудува многу луѓе да продолжат да живеат со своите поранешни партнери.

Адвокатот Алберто Гарсија Себријан наведува дека 30 отсто од двојките кои одлучуваат да се разведат не го завршуваат разводот бидејќи не можат да си ги дозволат трошоците за одвоен живот и додава дека претходно тоа било случај со само 10 отсто од тие лица.

Тоа е една од причините зошто во третиот квартал од 2022 година имало за 3,1 отсто помалку барања за развод отколку во истиот период од 2021 година, наведува весникот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Власта и опозицијата обединети во ставот за судбината на Евреите: Никогаш да не се заборави, за да не се повтори

Следно

Николов: Власта ништо не направи за јавното здравство за седум години, не верувам дека може да се смени нешто за 11 месеци

Latest from Blog

“Помив се и сешто, и СЕГА СУМ МРТВА УМОРНА…“

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас неодамна ја прославија својата 25-годишнина од бракот и токму толку го привлекуваат вниманието на јавноста, а денес се познати како еден од најкомпатибилните парови и покрај

Папата ја заврши првата странска посета со тивка молитва за жртвите од експлозијата на пристаништето во Бејрут

Папата Лав XIV се помоли тивко на местото на разорната експлозија во пристаништето во Бејрут на 4 август 2020 година, на крајот од неговото прво патување во странство како поглавар на Римокатоличката

Овие знаци ги очекуваат 9 незаборавни години живот

Од време на време, според астрологијата, енергиите се усогласуваат, носејќи нешто извонредно – не само момент на среќа, туку долгорочен период на просперитет. Овој пат, универзумот треба да им подари посебен дар
Go toTop