Повеќе од 12.300 убиени во израелските напади на Газа

November 19, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројката на убиени во нападите што израелската војска ги изведува врз Појасот Газа од 7. октомври е зголемен на 12.300, меѓу кои 5.000 се деца, а 3.300 се жени, известува Анадолу.

Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа синоќа ги сподели најновите информации во врска со вкупниот број на загинати и ранети во бомбардирањата на Појасот Газа 43. ден од нападите.

Според последните информации, 12.300 луѓе загинаа во израелските бомбардирања кои започнаа на 7. октомври. Според овие податоци, меѓу загинатите 5.000 се деца, а 3.300 се жени.

Во извештајот се наведува дека во израелските напади се убиени 200 лекари, медицински сестри и вработени во итната помош и 22 припадници на цивилната одбрана. Канцеларијата за медиуми соопшти дека се повредени повеќе од 30.000 лица.

Бројката на жртвите во врска со телата на загинатите што се наоѓаат под урнатините и лешовите по улиците надмина 6.000, од кои 4.000 се жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и студено со мала, а во источните делови со умерена локална облачност

Следно

Турските државјани евакуирани од Газа влегоа во Египет

Latest from Blog

Николоски: Од Радовиш преку Струмица до Ново Село ќе се гради експресен пат

Ќе се гради експресен пат од Радовиш, преку Струмица, до Ново Село и границата со Бугарија, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, веќе е започната постапката за избор

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и
Go toTop