Поради урнати згради во земјотресот: Турските власти приведоа 184 луѓе, меѓу нив и градоначалник

February 25, 2023
1 min read

Најмалку 184 лица, главно градежни изведувачи, се приведени во Турција во врска со урнатите згради по разорните земјотреси во јужниот дел на земјата, изјави денеска министерот за правда Бекир Боздаг.

Приведен е и градоначалникот на областа Нурдаг во провинцијата Газиантеп, јави Анадолија. Градоначалникот Океш Кавак е од владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Владата на Ердоган, која е на власт повеќе од 20 години, беше критикувана за игнорирање на лошите градежни стандарди, што можеби придонесе за високиот број на загинати од над 44.000 само во Турција.

Во 11 турски провинции смртоносните земјотреси на 6 февруари, проследени со речиси 10.000 последователни потреси, оштетија повеќе од 173.000 згради и оставија речиси 2 милиони луѓе без покрив над главата, според владините податоци.

Оттогаш поширокиот регион е погоден од големи земјотреси. Според агенцијата за катастрофи АФАД, потресите се очекува да продолжат во следните две години во Турција.

Денеска земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди централната анадолска турска провинција Нигде, соопшти Центарот за следење на земјотресот Кандили. АФАД соопшти дека нема пријавена штета.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа Бор, на околу 350 километри западно од разурнатиот од земјотресот турско-сирискиот пограничен регион.

На најголемиот турски град Истанбул му е потребна итна програма за урбанизација за обнова или зајакнување на зградите, во вредност од околу 40 милијарди долари, соопштија властите.

Потенцијален земјотрес од над 7,5 степени ќе оштети речиси 500.000 згради, населени со 6,2 милиони луѓе, околу 40 отсто од населението на градот, според извештај од 2021 година, јави ДПА. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турција апси новинари за известувања за земјотресот

Следно

Ањели: Доминацијата на англиските екипи го загрозува европскиот фудбал

Latest from Blog

Коњановски: Просторниот план е важен за иднината на Битола и Пелагонискиот регион

Во Битола денеска се одржа регионална јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Македонија до 2040 година, со посебен акцент на Пелагонискиот плански регион. Јавната расправа се одржа во салата

ВЛЕН: 428 полицајци Албанци добија унапредување во МВР

Во изминатите две и пол години, во рамки на Министерството за внатрешни работи биле реализирани мерки насочени кон зголемување на застапеноста и унапредувањето на Албанците, нови вработувања и децентрализација на административните услуги,

Божиновска: Со новите интерконекции ја зголемуваме енергетската сигурност на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Белград учествуваше на вториот министерски состанок на Македонија, Србија, Грција и Бугарија, посветен на регионалната енергетска соработка и зајакнувањето на

Укинување на забраната за нуклеарно оружје во Литванија?

За предложениот амандман гласаа 106 од вкупно 141 пратеник, а второто гласање е закажано за 12 јануари, пренесе Ројтерс. За усвојување на амандманот е потребно двотретинско мнозинство при двете гласања. Литванскиот претседател
Go toTop