Поради магла намалена видливост до 100 метри на патот Кичево – Македонски Брод

December 8, 2024
1 min read

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Кичево – Македонски Брод, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најстудено утрово на Попова Шапка, во Скопје -4 степени

Следно

Државната телевизија на Сирија објави дека Башар ал Асад е соборен од власт, сите затвореници се ослободени

Latest from Blog

Македонија пат: Сите патишта се проодни, механизацијата активно го чисти снегот низ државата

Информираме дека сите државни и регионални патишта низ државата се проодни за сообраќај, а истиот се одвива по влажни коловози Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со

Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

Сообраќајот на сите државни и регионални патишта низ државата се одвива по влажни коловози, а сите патни правци се проодни за сообраќај и се чистат од снег со сета расположлива механизација која

Трамп му нуди на Путин бизнис договори за да стави крај на војната во Украина, Кремљ незаинтересиран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наводно ги откажала плановите за користење на профитабилни деловни зделки со Русија како средство за ставање крај на војната во Украина, откако Москва покажа мал интерес
Go toTop