Помина половина месец од „Есенската кошничка“, граѓаните сè уште купуваат скапа храна

October 15, 2024
1 min read

Храната е поскапена, а таа што не е, сега се продава со намалена грамажа, се жалат граѓани. Економистите сметаат дека ограничената маржа е краткорочна, неефикасна и непазарна мерка. Инспекторите изрекле казни за маркети низ цела држава, во вредност од 70.000 евра.

Поевтини се само средствата за чистење, ама тие не се јадат. Храната е поскапена, а таа што не е, сега се продава со намалена грамажа, пишува Радио Слободна Европа.

Владата на 20 септември ја ограничи бруто профитната маржа за 10 отсто на 73 производи. Во таканаречената „есенска кошничка“ влегоа леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук, ориз, грав, тестенини…

Владината одлука, исто така, ги обврзува трговците да ги набавуваат и продаваат овие производи во месечни количини од најмалку 70 отсто од набавените количини во август.

Мерката ќе трае до 31 октомври.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска потврди дека на владината седница на која се носела одлуката за ограничување на бруто-профитните маржи била против ваквата мерка.

„Кажав дека не се согласувам и сè уште стојам на ставот дека сум против замрзнување маржи и сметам дека не носат никакви резултати, повторно само поради една причина, затоа што сметам дека немаме доволно стручни лица што ќе можат да ги следат овие, ајде да кажеме, анализи и пресметки што дополнително се прават од надлежните институции или од инспекторите кога излегуваат на терен“, рече Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата на која го презентираше сработеното во нејзиниот ресор во првите 100 дена на Владата.

Таа смета дека Законот за нефер трговски практики повеќе ќе го регулира пазарот отколку „овие математики што ги правиме“. Овој закон стапи на сила на 28 септември, однодно веќе се применува.

За него надлежна е Комисијата за заштита од конкуренција. Но, таа до крајот на годинава нема да ги казнува манипулаторите со цените, туку само ќе ги опоменува.

Димитриеска-Кочовска: Не се согласувам со мерката за замрзнување на цените
И Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, го коментираше ограничувањето на маржите за производите и случувањата во маркетите. Тој во телевизиска емисија кажа дека она што го прават маркетите е крајно безобразно.

„Кога ќе ги видите влезните фактури на царина, и кога ќе ги видите маржите и профитите во овие маркети е навистина нефер кон купувачите. Но, ние нема да останеме само во квалификации на безобразно. Ќе има ригорозни мерки, затоа што ова што се случува не е во ред“ рече Стојаноски.

Но, министерот за економија Дурмиши, смета дека првите резултати со намалени цени според овој закон ќе се видат на крајот на октомври, кога ќе се потрошат залихите од претходните договори меѓу производителите, преработувачите и трговците и ќе почнат да се продаваат производите согласно новите договори.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Голема полициска акција во струмичко – гевгелискиот регион

Следно

Касами на вечера со медиумските работници

Latest from Blog

Шампионот на Шведска се откажа од Европа

Шведскиот ракометен шампион, Истад, нема да настапува следната сезона во евро-куповите, а причината се големите финансиски долгови на клубот. Информацијата ја потврдија и клупски претставници, кои велат дека одлуката е тешка и

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција
Go toTop