Полскиот премиер: Ќе испратиме тенкови Леопард 2 во Украина, германската дозвола е ирелевантна

January 23, 2023
1 min read

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници не успеаја минатата недела да го убедат Берлин да дозволи тенковите Леопард 2 да бидат испратени до линијата на фронтот, а тешките тенкови Украина ги гледа како клучни за успехот во борбата против рускиот агресор

Германското одобрение за тенковите Леопард 2 не е примарно, па дури и без тоа одобрение, Полска би можела да ѝ ги достави на Украина како дел од коалицијата на земји, изјави полскиот премиер Матеус Моравјецки.

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници не успеаја минатата недела да го убедат Берлин да дозволи тенковите Леопард 2 да бидат испратени до линијата на фронтот, а тешките тенкови Украина ги гледа како клучни за успехот во борбата против рускиот агресор. Полска е првиот поборник за испорака на леопарди и ги повикува земјите што ги имаат овие германски тенкови да ги испратат во Украина дури и без одобрение од Берлин.

„Ќе ја побараме таа дозвола, но тоа е помалку важно. Дури и ако не добиеме дозвола (…) ние сепак ќе ги испорачаме нашите тенкови во Украина заедно со другите земји. Сега треба да формираме мала коалиција на земји“,

изјави премиерот Моравјецки за новинарите.

Германија нема да застане на патот на Полска да ги испрати своите тенкови Леопард 2 во Украина, изјави во неделата германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за француската телевизија ЛЦИ. Токму на таа нејзина изјава реферирарше Моравјецки.

„Притисокот има смисла затоа што во текот на викендот германскиот министер за надворешни работи даде нешто поинаква порака што дава одредена надеж дека Германија не само што нема да го блокира (испраќањето на тенкови), туку на крајот ќе испорача тешка опрема, модерна опрема за да ѝ помогне на Украина“,

изјави Моравјецки.

Германската влада е под зголемен притисок да испрати тешки тенкови во Украина кои би можеле да влијаат на рамнотежата на силите на фронтот.

На состанокот во петокот во американската воена база во Рамштајн, Германија, западните сојузници на Украина ја одложија одлуката за ова прашање, што го налути Киев, кој ја критикуваше нивната „неодлучност“. Од почетокот на војната, германската влада постојано изразуваше претпазливост за испраќање сè понапредни системи за оружје во Киев, но на крајот тие ги испорачаа.

Владини извори во Германија минатата недела изјавија дека ќе дадат зелено светло за тенковите Леопард доколку САД се согласат да испратат тенкови Абрамс во Украина.

Но, САД јасно ставија до знаење дека нема да ги испратат Абрамс во блиска иднина и тврдат дека тоа би било логистички кошмар за украинските сили поради горивото и одржувањето потребни за тие тенкови.

Германскиот тенк Леопард се смета за идеален бидејќи е во сопственост на многу земји, како Полска и Финска, што значи дека тие би можеле да го поделат товарот за опремување на Украина. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Германија е еден од сојузниците кои даваат најголема поддршка на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Апсења на подрачје на Центар: Приведени осум лица поради дрога

Следно

Моравјецки: Полска ќе поднесе барање за одобрение за испорака на тенкови Леопард во Украина

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop