Полска започнува со обука на украински војници за тенковите Леопард 2

February 14, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Полска започна со обука на украински воен персонал кој ќе управува со тенковите Леопард 2, пренесува Анадолу.

При посетата на армиската касарна во југозападната област Свиетошов, каде полски инструктори го обучуваат украинскиот персонал во тенковски операции, министерот за одбрана Мариуш Блашчак повтори дека земјата ќе ги води напорите за изградба на коалиција на земји кои ќе ѝ обезбедат на Украина модели А4 од тенковите Леопард 2, објави државната новинска агенција ПАП.

Германија, од друга страна, ќе ѝ обезбеди на коалицијата понапредни модели на тенкови А6, додаде тој.

Блашчак истакна дека Канада веќе ѝ ги доставила тенковите Леопард 2 на Полска наменети за Украина, а разговорите со Шпанија се во тек.

„Очекуваме наскоро да пристигнат и норвешките тенкови“, додаде тој.

„Сега најголемиот предизвик за нас се резервните делови. Ова е задачата што ја поставивме за германската одбранбена индустрија“, објасни Блашчак.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реџепи: Ќе гласам за разрешувањето на Беким Сали, но не и за другите министри

Следно

Серизоно е оштетен потпорниот ѕид кај Кале, предупредуваат од општина Центар

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop