Полицијата кај 21-годишник во Радовиш пронајде дрога, пушка…

December 4, 2024
1 min read

На 03.12.2024 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.Ѓ.(21) од село Дамјан, радовишко.

При претреси во неговиот дом во село Дамјан и во стан во кој престојувал во Радовиш, извршени со судска наредба, биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, дигитална вага, ловечка пушка „Црвена Застава“ калибар 12 мм и 6 патрони за ловечка пушка.

Истиот ден, од слобода бил лишен и М.А.(21) од Радовиш поради постоење на сомнение дека заедно со К.Ѓ. се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не доби Нобелова, но пранкерите го прогласија Заев за „херој на нивните шеги“ и најступиден политичар

Следно

Мицкоски: Оставката на Дамева не треба да биде исклучок – секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине

Latest from Blog

Подморница погоди ирански брод во близина на Шри Ланка- десетици мртви и повредени

Ројтерс објави дека воениот брод бил потонат во напад на подморница, но не прецизираше за која подморница станува збор. Туркиш А њуз објави дека Шри Ланка спасила 32 „критично повредени“ морнари од

Општина Битола со субвенции за адаптација на домови на лица со попреченост

Општина Битола објави јавен повик за искористување на средства за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до и во нивниот дом.Согласно програма за социјална заштита на општина Битола
Go toTop